|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што не знаев за мајчинството?

Редакција Рингераја, 28.10.2017
Никогаш не знаев каков благослов е тоа да се биде мајка. Не ни претпоставував
Клучни зборови:

image
/11



Не знаев дека можеш за друго човечко суштество да се грижиш толку многу, да се вложиш целосно и со толкава љубов. Не верував дека може  мојот живот толку да се смени и да станам толку трпелива.  Со раѓањето на бебето како да се смени мојот идентитет, станав посмирена личност.

Иако е голем физички и емоционален предизвик да се биде мајка, јас никогаш не би го менувала тоа на светот. Кој би рекол дека можам да поминам со бессони ноќи, со постојано кревање, со толкав голем напор? Некогаш се чувствувам како да ќе се онесвестам од замор, како да ќе заспијам секаде, но нема поголем благослов од тоа да се биде мајка. Милион пати ќе го потврдам истото.

Мајчинството ме натера да размислувам многу за мојата мајка. Колку не и помагав кога работеше, колку силна беше додека растевме. Постојано се прашувам колкава сила има во себе таа жена за да има се уште енергија дури и за своите внуци. Дури сега сфаќам колку моќ и колку енергија е потребно за да се биде мајка.

Мислев дека цел живот ќе бидам авантуристка, дека нема да се смирам. Дека сакам постојано да патувам низ светот, да истражувам нови нешта, да учам постојано. Мислев дека нема никаква авантура и никаков предизвик во тоа да се биде мајка. Но, тоа е мојата омилена авантура, најубавиот предизвик. Мојата најголема среќа, досега.

Никогаш не можев ни да претпоставам колку силно можеш да сакаш некого, како што една мајка ги сака своите деца. Често ги гледав децата на моите пријатели и си велев дека не сум сигурна дека можам да бидам добра мајка. Денес, се трудам со сета своја сила, го вложувам сиот напор да бидам добра кон моите деца.

Ме вадат од такт, ме уморуваат, ми создаваат фрустрација, нивните прашања ме мачат. Ме смеат, ме расплакуваат, ме нервираат. Но, тие се моето најголемо богатство. Благодарна сум му на Бог секој ден за оваа среќа. 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Маја Аргакијева photography: Матеа
Галерија: Maja Argakijeva, Creative Baby & Child Photography
5
КАРАВАН НА ЗАБАВНИ НАТПРЕВАРИ ОЛИМПИЈАДА +
Битолска Млекарапо втор пат организира караван со натпревари за сите оние кои сакаат да учествуваат во десетте Баланс+ и...
4
Магнезиумот во исхраната на мало дете
Кога станува збор за исхраната на малите деца, најчесто се зборува за калциум, железо и витамини. Но, постои еден минера...
4
Елена Наумовска: Ја тргнав цуцлата и детет...
Искуство на нашата драга @mother.of.three.daughters
4




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?