|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што и е потребно на мајката за да не полуди?

Редакција Рингераја, 25.12.2013
Кога секојдневието е исцрпувачко и секој ден се чини дека трае по 30 часа и покрај сета добра волја, на секоја мајка и се случува да полуди. Бидејќи тоа никому не носи добро, потрудете се да примените некои од овие работи
Клучни зборови:

image
/11


 

Значи на секоја мајка, па и вам, потребно ви е следното:

 

Еден ден без детски цртани и песнички

 

1


Сигурно и вашето дете сака да гледа цртани филмови, можеби и веднаш откако ќе се разбуди. Можеби тоа понекогаш ќе ви ја олесни работата бидејќи не ве бара вас, но дали некогаш не ви доаѓа да го гаѓате телевизорот? Понекогаш, барем понекогаш, на мајката и е потребно малку телевизија за возрасни или само малку тишина.

 

Другарка мајка

 

2


Не оние “совршени мајки” заради кои се чувствувате дека се               ' правите погрешно. Потребни ви се оние мајки кои не ве оценуваат и потценуваат на секој чекор и кои ќе ве разберат кога сакате да побегнете од дома на неколку дена. Ќе ве разберат бидејќи и тие го посакуваат истото.

 

Една или неколку ноќи добар сон

 

3


Ако се случи барем една ноќ да не мора да се будите повеќе пати за да го нахраните бебето, веќе следната ноќ задолжително ќе биде пеколна. Направете си услуга себеси  на другите и најдете начин да отспиете на мир. Дали тоа ќе значи да го задолжите сопругот за се, да спиете кај мајка ви, или да го однесете бебето кај неа, изботот е ваш.  Ако возраста на детето ви го дозволвува тоа, само напред!

 

Туширање на мир

 

4


ПОдолгиот престој во бањата е скоро невозможен за мајките. Дали е така и со вас? Но, за да може да се опуштиите и да ги поднесете сите обврски, како што знаете и умеете влезете во купатило во моментите кога ќе бидете сами. Немојте да ја средувате куќата, средете се себеси. Ќе се чувствувате прекрасно!

 

 

Нормални разговори со возрасни

 

5


Дале сте забележале дека, посебно кога сте со детето, сите со вас разговараат на детски теми, понекогаш и со детски јазик? А вам ви е дојдено до малку нормален разговор. Започнете го  вие, но борете се тој разговор до крај да остане нормален.

 

Лично хоби

 

5


Прекрасно е кога мајките го поминуваат своето време со децата, ги водат по игротеки, часови и треннзи. Но понекогаш, за да не ја изгубат главата, на мајките им е потребно лично хоби, кое не вклучува ништо детско. Сигурно постои нешто што сакате да го правите и во што уживате. Посветете му на тоа хоби повеќе време.

 

Машина за миење садови и машина за сушење алишта

 

6


Овие две направи можат многу да ви го олеснат животот. Трудете се да ги имате дома. Така сигурно ќе избегнете дел од лудилото.

 

Вежбање

 

7


Она што секоја мајка го сака, а секогаш е на дното на нејзините проритети, е секако вежбањето. А тоа може најбрзо и најдобро да ви помогне да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро во сопствената кожа. Трудете се вежбањето да ви стане дневна рутина.

 

Фризер/маникир/педикир/масажа

 

8


Еден час време за тремнан кај вашиот фризер или козметичар, не треба да ви предизвикува чувство на вина. Напротив, ваквите третмани им се потребни на жените за да се чувствуваат подобро и поубаво. А вашиот драг би требало да го цени тоа.

 

По некоја чаша пијалок

 

9


Ужиивањето во по некоја чаша вино или пиво, одвреме навреме, е добра за вашето расположение. Важно е да не претерувате и тоа да не прерасне во алкохолизам. Се' умерено е дозволено, дури и пожелно.

 

Редовни излегувања со партнерот

 

10


Формиравте заедница со партнерот бидејќи го сакавте него. Кога ќе дојдат децата не треба тоа да го заборавите. Издвојте време еден за друг за да не полудите.

 

Прифаќање помош

 

11


Само речете ДА, кога некој ќе се понуди да ви го причува детето, да ви донесе нешт за јадење, или да ви понуди помош во куќата. Не правете се јунаци.

 

Редовна исхрана

 

12


За да бидете на врвот на сопствената снага и да можете да се грижите за бебето како што треба, морате најпрво да мислите на сопственото здравје. Лошата и нередовна исхрана може да ве направи нервозни, а тоа е она што се обидуваме да го избегнеме. Од друга страна, со редовна и здрава исхрана ќе им дадете добар пример на вашите деца.

 

Време со самата себе

 

13


Од пресудно значење за вашето ментално здравје е пронаоѓање на време за опуштање – со медитација, купка, со книга и слично. Пронајдете го.

 

Добар пријател

 

15


Барем еден пријател со кој можете да разгварате за се, дури и кога не се работи за детето. Тој или таа, не е важно, важно е да имате пријател кој ќе ве постои дека постои свет, надвор од оној детскиот.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Одлучив да бидам лоша мајка!
Кои се нештата кои една мајка ја карактеризираат како добра или лоша? Има ли учебник од кој една жена може да научи како...
6
4-годишно девојче прави фустани од хартија...
Идеите за фустаните се и од мајката и од ќерката. Фустаните ги изработува претежно мајката, а ќерката е тука да сечи, да...
5
Вежби за правилен изговор на гласовите
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме л...
4
Детски сексуални игри
Многу честа игра на децата од предучилишна и рана училишна возраст е испитување на гениталиите на други деца. Ваквото од...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?