|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мама и тато воспитуваат различно ?!

Редакција Рингераја, 10.9.2014
Секој родител се стреми да го воспита добро своето дете. Но, замислата за тоа "добро" често е различна
Клучни зборови:

image
/11


 

Мама вели едно, тато друго

Кога детето е сеуште мало, сè се врти околу секојдневната грижа за него. Но кога станува збор за воспитување, многу е веројатно да дојде до судир на претставите за добро воспитување со партнерот, а и со роднините. Причината е во тоа што вие самите сте исто така воспитувани различно, а тргнувате од позиција на сопственото искуство.

Ако мама на пример е одгледана во либерално семејство, веројатно и таа ќе ја сака истата атмосфера за детето, но таткото може да е воспитан во строго семејство и тогаш тој ќе се обиде да го наметне својот авторитет. Така се претворате во добар и лош полицаец, каде како по правило тато е лошиот (се разбира, има и исклучоци).

Какви и несогласувања да имате меѓусебно, важно е да ги решите насамо и во никој случај пред  детето. Отфрлете ги разликите се додека не си изградите сопствен унифициран систем на воспитување за детето. Само така ќе постигнете успех.
На пример ако тато му забранил на детето да јаде десерт пред главното јадење, мама не смее да паѓа на молбите на детето, бидејќи тоа го поткопува татковиот авторитет, а детето учи да го  сака  добриот родител и да го игнорира другиот.

Вашата соодветна  реакција во таква ситуација треба да биде: "Слушај го татко ти, веќе слушна што ти рече тој". Не е важно за што точно станува збор, идејата е да се почитуваат принципите. Се разбира, детето нема да биде задоволно од одговорот и ќе се намурти, но со време ќе разбере дека кажаното од вас двајцата е сериозно и дека држите до него.


Железна рака или галење со пердув?

Бидејќи идеални деца не постојат, порано или подоцна со партнерот ќе се соочувате со проблеми како да се справите со непослушноста на детето и каков вид на систем од казни да измислите. Тука е моментот да се запрашате дали физичкото казнување треба да заземе свое место во вашиот дом и вашето семејство.

Повлекување на уши, викање или удирање ... ако започнете еднаш, веројатноста да бидете во искушение да посегнуваат по детето и во иднина е многу голема. Но каков е резултатот? Станува ли детето подобро, повеќе послушно и воспитано? Апсолутно не! За сметка на тоа детето е изневерено, се плаши  и е немирно и ако ве слуша, тоа нема да биде од почит, туку од страв. Ако тато тепа, а мама утешува (или обратно), ризикувате сериозно да ја трауматизирате психата на детето.

 

Што да направите?

Не се однесувајте со детето како со престапник. Ако одлучите да го казните детето, направете го тоа кога сте смирени, а не кога сте лути. Инаку ризикувате да се однесете неправедно кон него. Запомнете дека целта не е детето да страда, туку да дознае дека за лошо однесување следуваат санкции. Важно е да го казните за конкретна постапка, а не затоа што сметате дека детето е лошо. Не му кажувајте дека е лошо - тоа нема да го направи подобро.

Објаснете му зошто го казнувате. Кога сте опуштени и сте ја анализирале ситуацијата со таткото, размислете каква ќе биде казната за конкретниот случај. Објаснете кратко и јасно, на разбирлив јазик за детето, зошто привремено ќе биде лишен од нешто омилено, каде погрешил и како би требало да се однесува следниот пат.


Ставајте кратки рокови. Нема смисла да ги казните детето за долго, бидејќи тоа нема да го зголеми ефектот на образовната мерка, напротив - наскоро ќе заборави за што всушност било казнето, а така се губи поентата. По истекот на рокот на казната пофалете го.

 
Бидете доследни. Штом еднаш сте наметнале казна, држете се до неа. Ако едниот родител го казнил детето, другиот не смее да ја укинува казната. Оваа противречност не само што ќе ги замати замислите на малото дете за добро и лошо, туку ќе му биде нејасно кој каква позиција зазема дома.

Секој родител се стреми добро да го воспитува дете. Но, замислата за тоа "добро" често е различна. Не го лишувајте детето од  вашата љубов само затоа што направило некоја белја. Што и да правите, не ги повредувајте неговите чувства. Вашата љубовта треба да ја чувствува безусловна и да знае дека независно од сè, вие секогаш ќе бидете неговите родители.

Наградувајте го доброто однесување. Ако детето е добро, пофалете го! Не ги штедете убавите зборови, кога ќе заслужи. Во секој случај е подобро да живеете во мир и љубов, отколку во постојани престрелки меѓу себе.

Дури и целосно да ја отфрлите идејата за физичко казнување, останува прашањето треба ли воопшто да ги казниме детето и како? Без разлика колку сте ветиле дека нема да бидете такви родители, во еден момент ќе ви треба да најдете начин да се справите со детската непослушност. А кога е потребно, да измислите и казна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Се викам Љубов
Сакам да дојдам изненадно, кога не се надевате, сакам да ви го одземам здивот и моќта за говор.
5
Вежби за правилен изговор на гласовите
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме л...
4
Интервју: Влатко Лозановски
Влатко ни зборува за љубовта, кон музиката, кон семејството, љубовта која ја дава, а истовремено ја добива!
4
Мајчинството е кога...
Мајчинство е моментот кога без здив и со црвени образи од умор ќе се откажете од краткото спиење, за да ги гледате трите...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?