|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Кога се јавува алергија имуниот систем неправилно и бурно реагира на безопасни материи, бидејќи ги заменува со антигени.
Клучни зборови:

image
/11


Одбранбен систем

Една од задачите на нашиот одбранбен систем е да открива туѓи антигени на површината на микроорганизмите и со помош на лимфоцитите (ќелии на крвта кои се дел од имуниот систем) да произведува соодветни антитела. При следниот контакт антителата се борат против антигените, што последователно ги уништува микроорганизмите.

Што е алергија?

Во случај на алергија имуниот систем неправилно и претерано реагира на безопасни материи, затоа што ги заменува за антигени. После првиот контакт со алергените, лимфоцитите после неколку дена произведуваат антитела кои се специфични за одредени алергени (најчест е имуноглобин Е). Антителата кои ги опкружуваат ќелиите на ткивата наречени мастоцити при следниот допир се врзуваат за алергените, што предизвикува лачење на различни хемиски материи. Меѓу нив е и ХИСТАМИН, кој доведува до проширување на крвните садови, изливање на течности во ткивата и грчење на мускулите.

Симптоми

Може да се појави само на кожата (потечени делови кои чешаат), дишните патишта (смалувaње, кивање и лачење на слуз) или во желудникот и цревата (повраќање, пролив). Во краен случај (алергија на убоди од инсекти, лекови) може да опфати цела група на органи и да доведе до анафилактичен шок.

Причини

Не е познато зошто некои поединци добиваат алергија, а други не, но се повеќе изгледа дека кај 10% од луѓето тоа е наследно. Може да се појави уште во првите месеци на животот, или да се развие подоцна.

Лечење

- Избегнување на алергени,
- Лекови:
      Антихистамини за ублажување на симптомите,
      Кориктостероиди за спречување на развивање на симптоми,
      Хипосензибилација (постепено додавање на се поголеми дози на алергени со цел да се произведат антитела кои треба да ги спречат понатамошните реакции). Се употребува првенствено кај реакција на убоди од инсекти и е успешна во 2/3 од случаите. Лечењето мора да трае 2-3 години.

Најчести алергени

Пренесени преку воздух:
- полен од дрвја и трева,
- пори од земјата,
- бубачки во куќната прашина,
- животински првут,

Внесени преку убод (инсекти):
- пчела
- змија
- оса

Внесени преку храна:
- јајца,
- млечни производи,
- јагоди,
- риби, школки,
- житарици,
- лешници, кикирики, ореви,
- лекови.

Внесени со употреба на козметички препарати и средства за чистење:
- козметика,
- бои за коса,
- средство за чистење на подови (за сјај),
- дезодоранси,
- млеко за сончање.

 

?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стравовите на едногодишно дете
Со кои стравови може да се соочи детето на возраст од една година?
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Тодор Гечевски: Се радувам на секој збор н...
За еден родител најтешко е ако не може да му помогне на своето дете, вели ко­шар­кар­ска­та ѕвезда Тодор Гечевски, кој в...
4
Детски седишта: МОРА или ТРЕБА?
Кога станува збор за детските седишта во автомобил, однесувањето и ставовите на различни родители, а оттука и на децата ...
4




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?