|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Шест родителски грешки, кои им пречат на децата

Редакција Рингераја, 3.11.2015
Во обид да им помагаат на своите деца, родителите често ги прават истите грешки.Тие можат да влијаат негативно на нивната самодоверба уште во раната возраст и на тој начин да ги ограничат можностите за успех во детството и добрата кариера во зрелоста
Клучни зборови:

image
/11


 

Еве кои се основните шест грешки кои не треба да ги правите при воспитувањето на децата

1. По секоја цена се обидуваме да ги заштитиме децата од ризици и опасности

Современото семејство живее под притисок на преинформираност и континуиран негативен проток од вести, главно поврзани со опасностите кои демнат на секој чекор. Родителската загриженост дека "нешто лошо може да им се случи на нашите деца" ја става на прво место нивната безбедност. Тоа е и најчестата причина да ги ставаме во изолација и да ги учиме да не преземаат непотребни ризици. Овој пристап, според психолозите, има негативен ефект на децата. Специјалистите ја посочуваат забраната да не излегува надвор, како штета за развојот на детето. На овој начин децата развиваат различни стравови, кога ќе пораснат. Понекогаш, сепак тие имаат потреба да ги изгребат колената, да ги изгорат прстите. Како тинејџери би било корисно да се изнервирани од пријател или пријателка, за да израснат емотивно, па во зрелата возраст да можат да градат стабилни односи.
Ако родителите постојано одат пред своите деца, за да ги расчистуваат пречките на нивниот пат, тие најверојатно ќе израснат деца со ниска самодоверба, неблагодарни и арогантни.

2. Носење одлуки наместо децата

Современите деца се лишени од можноста да развијат чувство за самоодржување и одговорност. Тоа е затоа што ние целосно ја преземаме грижата за нив, ги решаваме сите нивни проблеми и задачи и со тоа ги лишуваме децата од можноста да се изградат како самостојни личности со лидерски квалитети. Децата учат да чекаат некој друг да одлучува наместо нив и овој модел понекогаш останува во текот на целиот живот. Таквото однесување ја искривува детската претстава за начинот на кој светот функционира, а децата се лишени од можноста да стекнат искуство.

3. Премногу лесно даваме пофалби

Денешните деца често живеат со чувство дека единствените луѓе кои им се восхитуваат се мама и тато, бидејќи ретко слушаат пофалби од други луѓе. Тоа предизвикува сомневања кај децата за објективноста на родителот и дури да ги натераме да се чувствуваат добро за еден одреден момент, тие не ги поврзуваат овие пофалби со своите реални можности.

4. Ставање на децата под заеднички именител


Децата треба да се свесни дека понекогаш ќе им се наметнува да прифатат одговори како "не" и "не сега". И за да го променат тоа, ќе треба да вложат напори. Како родители, ние често сме склони да им го дадеме она што го сакаат и го очекуваат од нас. Кога децата се две или повеќе е многу важно да го пофалиме детето кое реално заслужило, а не да даваме сумарна оценка за сите, бидејќи тоа би го демотивирало потемелното дете.
Нашиот однос со децата не треба да е заснован на материјални награди. Тоа не бо придонело да не сакаат повеќе, ниту да ја разбудат нивната мотивираност.

5. Не го делиме сопственото искуство со децата

Тинејџерите мразат да се советуваат и со целото свое битие сакаат да ги оставиме на слобода, за да ги рашират слободно крилјата. Во оваа возраст децата ни се претвораат во вистински егоисти, сакаат да добиваат единствено се за себе.
Како родители, ние треба да им се довериме и да ги оставиме да се обидуваат и да грешат, се разбира под дискретен, но буден надзор.
Споделувањето на грешките кои сме правеле на нивната возраст може да го прошири периметарот на нивниот избор. Како родители, ние не треба да сме единствениот пример за нашите деца, но е добро да бидеме еден од најдобрите.

6. Не го правиме она на што ги учиме децата

Родителите ја носат целосно одговорноста за моделирање на животот, кој би сакале нивните деца да го живеат. За да им помогнеме да го постигнат тоа, прво треба да ги научиме децата да носат одговорност за сопствените зборови и дела, да ги научиме да се чесни и искрени и да внимаваме кога ги учиме за сето ова да не западне во контроверзии со нашите сопствени активности и лични избори.
Ако ние не ги почитуваме правилата на кои се обидуваме да ги научиме децата, тоа нема да остане незабележано од нашите деца. Ако ние сме позитивни и одговорни и нашите деца ќе пораснат во такви личности.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
5
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Совршена лазања торта
Лазања тортата е нешто што ќе го обожавате оваа зима!
4
Тетка – засолниште за детската душа!
Кој немал тетка, немал среќа да поседува неизмерно богатство собрано во една личност. Тетката е секогаш извонредна жена,...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?