|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Седум шокантни откритија за бременоста

Редакција Рингераја, 23.2.2012
Како што расте стомачето така бременоста станува се почудна. Што навистина се случува тие волшебни 9 месеци? Научниците пронашле многу феномени врзани со мајката во текот на бременоста. Еве седум од нив

image
/11


 

 

1.    Многу идни мајки мислат дека бременоста ги прави помалку атрактивни, но повеќето мажи не се согласуваат со тоа. Во едно истражување, 60% од мажите чувствувале иста сексуална привлечност кон своите бремени жени, а 27% почувствувале дури зголемена привлечност.



2.    Популарното верување за формата на трудничкото стомаче - лубеница или баскет - не е поврзано со полот на бебето. Но затоа формата над стомачето прави разлика. Жените кои носат девојче, растат повеќе во градите за време на бременоста за разлика од оние кои носат машко бебе. Машкиот фетус произведува тестостерон што може да го намали растењето на градите.


3.    Изненадувачки, бремена жена која го сонува полот на своето дете или која има силно чувство за тоа дали бебето ќе биде машко или женско, обично ја знае однапред и вистината, бидејќи таа женска интуиција е и научно докажана.



4.    Жените кои имаат живописни соништа за време на бременоста имаат пократко породување, од оние кои не сонуваат. Кај сонувачите, оние кои имаат кошмари во третото тромесечие имаат дури уште пократко породување од оние кои сонуваат мирни соништа. Целта на сонувањето е да се разрешат внатрешните конфликти и да се процесираат нови информации, што доведува до психолошка подготвеност за раѓањето на бебето.


5.    Слабите девојки повеќе раѓаат ќерки. Многу истражувања покажале дека кога станува збор за полот на бебето, мала но незначителна разлика прави и тежината на мајката. Објаснување: Женските ембриони се поиздржливи од машките, па затоа можат да опстанат и во потешко хранлива средина, што резултира со повеќе женски деца кај слабите жени. Сепак оваа опсервација е на ниво на популација и секако не е релевантен показател на полот на детето.



6.    Во третото тромесечие од бременоста, потта на бремената жена содржи нови хемиски соединенија (феромони). Никој со сигурност не знае зашто овие соединенија се појавуваат и потоа исчезнуваат со породувањето. Се вели дека му помагаат на новороденчето во идентификување на својата мајка. Но интересно е и тоа што се смета дека таквиот телесен мирис на мајката го поттикнува и лачењето на хормонот пролактин кај партнерот што влијае на неговото поврзување со детето и чувството на татковство. Мажите со поголемо ниво на пролактин за време на породувањето се повниметелни од оние со пониско ниво на хормонот.


7.    За време на бременоста, клетките се провираат низ плацентата. Клетките на фетусот влегуваат во мајката и обратно, мајчините влегуваат во бебето и остануваат таму за цел живот. Кај мајката, клетките на фетусот се смесуваат во  белите дробови, 'рбетниот мозок, кожата, штитната жлезда, црниот дроб, желудникот, грлото на матката, жолчното кесе, слезината, лимфни јазли и крвните садови. Клетките на бебето остануваат да живеат и во срцето и мозокот на мајката. Клетките на плодот можaт и да бидат причина за одредени промени во мозокот што се случуваат за време на мајчинството.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
6
Трудници, внимавајте на температурата на в...
Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...
4
Што чувствува бебето во 9-от месец од брем...
Штом жената дознае дека очекува бебе, нејзиниот живот се менува на начини на кои можеби никогаш не ни замислувала
3
Абортус по желба само еднаш годишно
Власта одлучи: Aбортирајте, ама само еднаш годишно!
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vaset_o dete odi na balet?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!