|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Седум правила за исхрана во летниот период

Редакција Рингераја, 14.8.2019
Летото е едно од најубавите годишни времиња, особено поради изобилството на овошје и зеленчук кое ни е на располагање. Но, поради потоплото време кое следува, на телото му е потребна соодветна грижа за да може да биде во одлична форма и добро здравје

image
/11


Летото е период во кој сме поактивни, губиме повеќе течности како резултат на топлото време и сето тоа може соодветно да го надоместиме со помош на правилна исхрана.

Прочитајте кои совети се најкорисни за исхраната во овој период од годината.

1. Хидрирајте го телото

Знаеме дека треба да бидеме хидрирани во текот на целата година, но кога станува збор за летниот период, ова правило е особено важно да го почитувате. Водете сметка да пиете барем по 6 чаши вода дневно, на кои може да им додадете лимон или некое друго овошје. Исто така, конзумирајте храна која содржи вода, како краставиците, пиперките, спанаќот, лубеницата, јагодите и црешите.

2. Уживајте во овошен десерт

Многумина имаат навика да јадат сладолед во текот на целото лето. И иако е слатко освежување на кое речиси не можеме да му одолееме, сладоледот е полн со шеќери, вештачки сирупи, хемиски адитиви и вештачки бои. Наместо сладолед од маркет, направете си домашен овошен десерт, како овошна салата или домашен ниско калоричен сладолед.

3.Избегнувајте алкохол

Веруваме дека летото често пати асоцира на многуте варијатни на летни коктели и ладни алкохолни напитоци. Но, честата конзумација на истите може да ја зголеми вашата тежина и да предизвика здравствени проблеми. Во ред е да уживате во некој коктел, од време на време, но немојте да дозволите тоа да ви стане навика. Свежо цедениот сок од портокал и лимон нека биде ваш прв избор.

4. Сировото е подобро

Летото е одлично време да уживате во сировата храна, во разновидното овошје и зеленчук. Свежата и необработена храна е особено важна во текот на летото, не само поради тоа што е здрава за телото, туку и како превенција од појава на разни болести и труење од храна, кои се почести во летниот период, како резултат на високите температури.

5.Зеленчук на скара

Летото е период кога многу често сте дел од „дружење на скара“. Но, одличен начин да ја зачувате вашата линија е да кознумирате зеленчук подготвен на скара. Во комбинација со пилешко месо, исто така подготвено на скара, ќе добиете вкусен и здрав оброк кој ќе ве држи сити долго време. Зелечукот подготвен на скара не содржи масти, има многу хранливи вредности и има ниско ниво калории. Тиквички, моркови, модар домат, печурки, домати, пиперки, се само дел намирниците кои може да ги подготвите на скара.

happy woman eats healthy food vegetable vegetarian salad about refrigerator

6. Појадувајте салата

Започнувањето на денот со здрава салата е одличен начин да останете фит цело лето. Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои конзумираат свежа салата за појадок имаат помалку килограми. Но, мора да внимавате, да не користите разни сосови за салата, кои се преполни со масти, сол и калории.

7. Експериментирајте со меѓуоброците

Многу пати досега сме ја истакнувале важноста на меѓуоброците во текот на денот. Летниот период е совршен за замена на нездравите грицки со вкусни меѓуоброци како моркови, целер, краставици или некое овошје. Наместо да посегнете по кесичка чипс, направете план за здрави меѓу оброци, особено на работното место, каде најчесто бараме брзо задоволување на гладта. Ова се нашите предлози.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога никнуваат првите трајни заби кај децата?
Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.
3
"Детето во снегот"-книга посветена...
"Детето во снегот" е збирка раскази посветена на сите семејства чии дечиња заталкале во "студенилото на снегот", пот...
3
Простување на неверство
Откривањето на неверство ќе биде попратено со шок, гнев и не верување. Ќе се чувствувате збунети, бидејќи никогаш не мис...
3
Детски хороскоп: Дете Девица
Внимателни, вредни, педантни...како да ги одгледувате децата родени во знакот на Девица?
3




Анкета

IME ZA MASKO DETE
srcko moj

Koe ime bi go dale Vie na vaset_o dete..?

Radimir (3%)

Andrija (41%)

Vladimir (55%)


Број на сите гласови: 92

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!