|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
20 јули 2009 година, Парк, 18 часот – организиравме средба на корисниците на Рингераја за да ја запознаеме нашата членка од Словенија, Агнес77.

image
/101


Едвај го дочекавме тој ден. И покрај многуте промени, каде, кога, како да се сретнеме одлуката конечно падна. Како се ближеше денот станувавме се понетрпеливи да ја запознаеме Агнес 77. Некои не дојдоа поради различни причини. Ива и Наташа имаа проблем со висока температура кај своите малечки, а на Александра во последен момент и ја променија смената. Но, тоа не не спречи останатите да се најдеме. Први на договореното место беа стигнати Агнес и маж и. Потоа стигнавме Мартина, маж ми, јас и стомакот, кога ете ја и Мами трча од некаде. Татко Кице го чува малото ангелче Лука, кое спие во кола. Друштвото почна да се собира. Дојде и Боцко со сопругата, и главниот господин Стефан и веднаш тука настана една ситуација, кога Мартина му седна во количката на Стефан, а тој страшно се налути. За среќа се брзо и добро се заврши.

Јуле се јави дека покасно ќе пристигне, поради неодложни обврски и вака убавото друштво се упати низ Парк да најде убаво местенце да седне. По препорака на Боцко се сместивме во тениското и навистина не погрешивме, имаше простор да си играат децата, а ние опуштени да си разговараме. Договор падна меѓу Мартина и Стефан да не се пипка неговата колучка и тој реши да стане од неа и да се дружи со Мартина. Додека ние така расприкажани се внесовме во муабетите, стигна и тато Кице со Лука, а за кратко време и Јуле. И не дека ние бевме досадни, но Јуле по кратко време не напушти и отиде да си игра со децата.

И додека Јуле уживаше во дружбата со Мартина и Лука ние донесовме заклучок дека е печена да стане мама, и стискаме палци во најскоро време да биде и првата рингераја свадба, А Јуле да не израдува со рингераја бебенце. Мора да споменеме дека дечињата добија подарок од Агнес, а таа и сопругот се воодушевени од Македонија и нејзините убавини и планираат да доаѓаат почесто тука. Воедно Агнес испрати поздрав до сите членови на форумот и се надева дека наредното дружење кога ќе доаѓа во Македонија ќе не има во поголем број.

Дружењето заврши со поздрав до семејството на Боцко кои за некој ден имаа во план да заминат на одмор (па Боцко чекаме слики), поздрав до мене побрзо да се олеснам – што се случи само по два дена, поздрав до Агнес и сопругот да ни доаѓаат што почесто во Македонија за да се дружиме повеќе. За Јуле веќе кажавме дека и посакуваме што побрзо свадба и едно бебе, а семејството на Мами неуморно замина на роденден да се журка. Е па секоја чест!

 

Повеќе за тоа како помина дружењето можете да прочитате на форумот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чекор по чекор водич за совршено бојадисув...
Бојадисувањето на домот е одличен начин да внесете свежина и нова енергија, но многу луѓе се соочуваат со непотребни про...
3
Топол дом без големи сметки: најдобрите тр...
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест е дека постојат паметни и ефективни начини да го о...
3
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме.
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?