Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
 
                    			   
                    			
Таквите грешки предизвикуваат проблеми по само неколку години, бидејќи детето кое е навикнато се' да биде по негово, не обрнува внимание што зборуваат родителите. Воспитувањето на децата бара големо трпение и посветеност. Колку и да Ви се чини тешко, немојте да се откажувате, бидејќи во прашање е Вашето најсакано дете.
Ќотекот и константното викање на дете со возраст од 3-4 години, нема многу да помогнат. Потребно е со него да разговарате штоп повеќе, да му давате јасни знаци што смее, а што не. Затоа немојте своите фрустрации од работа да ги лечите на тоа недолжно битие, туку да го опоменете кога има вистинска причина за тоа и кога навистина нешто ќе направи погрешно.
За правилно воспитување на децата сеуште не постои ниту едно училиште, во кое родителите би можеле да земаат часови кои ќе им бидат од корист.
Само уште 5 минути
На секое дете му е повеќе од забавно да си игра со своите врсници во игротека или парк. Тогаш не чувствува глад, жед, се' му е таман и не знае кога е доста. Меѓутоа, свесни сте дека колку и да му е убаво, не можете тука да го поминете цел ден. Сеуште не сте дошле до него за да му кажете дека треба да си одите, а детето веќе плаче. Иако му кажавте дека ќе дојдете утре, дека дома го чека омилената торта, врисокот е се' погласен. Јасно е, детето сака да биде по негово.
Многу родители прават грешка кога се вакви ситуации во прашање. По плачењето на детето тие, какви обврски и да имаат, му дозволуваат да си поигра уште некоја минута. Иако се чини како ситница, ова може да направи проблем во воспитувањето. Иако е мало, детето станува свесно дека може да манипулира со Вас и дека е доволна само по некоја солза, за да добие се' што сака.
Казнување
Сите ние како деца сме издржувале секакви казни: три дена нема колачи, цела недела нема телевизор, десет дена е сокриена омилената играчка...Ќе се согласите искусни родители, овие “фори” знаат да имаат ефект.
Сепак, за “казната” да ја постигне својата цел, морате да бидете доследни. Детето ќе се обиде да Ве предомисли на секаков начин, за да може да си игра со другарите, да касне од омиленото чоколадо, или да гледа цртани по цел ден. Се подразбира, во “казнените” денови ќе биде прекрасно и веројатно ќе Ве воодушеви со својата послушност.
Сепак, без оглед на се' зборот е збор и морате да го одржите. Иако остана само еден ден додека да истече казната, не брзајте да ја скратите. Ако попуштите детето нема да Ве сфати озбилно и секој следен пат кога ќе го “казните” ќе се труди да Ве одоброволи на различни начини.
Наградување со пофалба
Наградите се многу важни во текот на воспитувањето на детето. Многу се позначајни од казните! Ако Вашата ќерка навистина била добра, ако ги собрала сите играчки пред да и кажете, добила петка на раката во градинка, не заборавајте да ја пофалите. Тоа многу ќе и значи и ќе ја мотивира да биде добра и послушна.
Мајките и татковците често им купуваат “кули и градови” на своите деца како награда за послушноста, што никако не е препорачливо. така детето, следниот пат кога нема да ја добие саканата играчка, ќе Ви се закани со непослушност.
И повторно ќе нагласиме – бидете трпеливи. Морате да останете смирени и сталожени, додека му објаснувате на детето што е добро да се прави, а што не. Морате да го изградите сопствениот авторитет, а тоа нема да го постигнете со викање и драматизирање.
 2
2
 2
2
 2
2
 2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...




