vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Свежото Битолско млеко од неодамна потрошувачите ќе можат да го купат во нова еколошка амбалажа. Благодарение на новата технологија за полнење и амбалажата во која што се полни овој производ Свежото Битолско млеко веќе нема потреба да се вари, а рокот на траење на овој производ е 12 дена.
Сите кои преферираат свежо млеко во однос на УХТ млеко, сега можат да се откажат и од навиката свежото млеко да го варат.
Иако е со пократок рок на траење, експертите информираат дека свежото содржи многу повеќе хранливи супстанци како протеини, А, Б и Д витамини, минерали, јаглени хидрати, калциум и други состојки неопходни во секојдневната здрава исхрана. Претставува моќен извор на калциум неопходен за одржување на коскената маса.
Бидејќи Млекара а.д. Битола откупува високо квалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото Битолско млеко содржи рамнотежната комбинација на протеини, минерали и витамини кои го подобруваат човечкиот метаболизам и се карактеризира со висок квалитет. Протеините се неопходен фактор во создавањето и одржувањето на телесните ткива, како и во производството на хормони и ензими.
Треба да се истакне дека сепак станува збор за индустриски преработено млеко, а не млеко директно земено од фарми. Тоа значи контрола на неговиот квалитет и здравствена исправност.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...