namesp во 10:12
Професија МАЈКА?!
Редакција Рингераја, 24.10.2014
Многу луѓе се на мислење дека последиците се поголеми и го опфаќаат целиот емоционален свет на паровите и го осудуваат на пропаст нивниот однос. Во центарот сепак е детето и неговите интереси. Ако се прашува жената, таа ќе избере да биде мајка и да посвети време на детето на домот и на сопругот. Но кога се во прашање финансиите и обезбедувањето нормални услови за живот, нема дилема – жената мора да работи.
Што ја прави мајката мајка ?
Ајде да видиме како стои прашањето со обврските. Постои мислење дека вештината да си родител (мајка) се појавува како "бонус" со раѓањето на детето. Ова, се разбира е многу далеку од вистината и секоја жена која родила тоа го знае. Доказ на прво место е целиот амбиент потребен околу една родилка. Се разбира никој не ја негира интуиција, инстиктот и силната врска меѓу мајката и детето. Тие, сепак не те прават родител. При појавата на бебето обврските на мајката се навистина многубројни и од најразновидните карактер - од грижата за физичкото преживување на бебето (која е доста обемна, одзема време и витална одговорност), во осмислување на воспитни модели, техники за стимулирање на развојот, до создавање на атмосфера и претворање на станот (куќата) во дом - место во кое детето ќе може да израсне целосно и среќно, сакано и згрижено и со семејството. Сето тоа се учи, но бара напор, упорност и чини многу нерви, солзи и стравови (и непроспиени ноќи) - исто како и која и да е друга професија, но со таа разлика што тука влогот е голем - иднината на детето и семејството. Во работата стремежот за напредок е личен - сопствено усовршување (кариера, што носи некакви бенефиции). Кога зборуваме за професијата мајка, тогаш нема натпревар со останатите мајки, односно недостасува конкуренција, но целта е многу важна, бидејќи е поврзана со животот и среќата на друго човечко суштество. Одговорноста пред мајката е огромна, но се разбира е поделена во некоја мера и со таткото. Обврските кои се потребни за да се постигне оваа цел се навистина исклучително многу и бараат време, што една вработена жена ги нема. Дури и да одлучи да се прави суперхерој и да ги усогласи двата фронтови - резултатот не е ист бидејќи секогаш нешто ќе биде запоставено – работата или семејство.
Дали жената е еднаква, ако не придонесува за семејниот буџет
Се разбира дека не е! Професијата мајка не е финансиски мерлива, бидејќи нејзината цел не е финансиска благосостојба. Но е животоважна професија, одзема време и е работа поврзана со емоции. Освен тоа не е на фиксно 8-часовно работно време. Како општество сме премногу материјално ориентирани и соодветно приоритет во вредностите се ни парите и она што тие го нудат. Предавајќи се на семејството, една жена не само што ја одржува куќата и го гледа детето, тоа создава атмосфера во домот - неопходна не само за детето, но и за неа самата и за таткото. Тоа е чекор кој се прави во насока на среќно семејство и благосостојбата на сите.
Мајчинството не е професија со која ќе се пензионирате
За разлика од секоја друга професија, онаа на мајката не продолжува 10, 20, 30 или 40 години, таа е засекогаш. Без разлика колку време поминува, потребата од неа не опаѓа. Во однос на тоа колку долго една жена може да не работи друго, тоа зависи од неа. За некои жени е една или неколку години, а за други - цел живот. Најважно во случајот е дека жената има право на избор и кога чувствува дека нема што повеќе да даде на семејството, од дома, тоа подобро за сите е да се пренасочи во друга област. Но овој избор треба да е свесен и по сопствена волја. Многу често, сепак правото на жената да биде мајка и е одземено од општеството и вредностите кои ги брани. Степенот до кој ова влијание се протега е голем и мајчинството е маргинализирана и жигосана професија која звучи "Лежи дома девет месеци".
Но, ако жената се прашува, таа секогаш ќе избере да биде МАЈКА!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Блогерката Unmumsy Mum го напиша овој прекрасен пост за да им докаже на другите родители дека не ги осудува заради лошот...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.

Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
