|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пресмешно: Дали сте подготвени да имате дете?

Редакција Рингераја, 25.7.2018
Доколку не сте сигурни, спроведете неколку домашни експерименти, кои ќе ги ви откријат дали сте подготвени да станете родители
Клучни зборови:

image
/11


  1. Набавете 5 кобри, ставете ги во вреќа и врзете ги да не избегаат. Легнете покрај вреќата и пејте приспивни песни, додека кобрите со часови мрдаат во вреќата, наместо да спијат. Повторувајте го ова два пати дневно, во тек на пет години.
  2. Потрошете 10.000 денари за органско пилешко месо, овошје без ГМО, вафли без глутен и крекери без адитиви. Ќе ви биде тешко да излезете на крај со трошоците, но Боже мој, штотуку прочитавте на Фејсбук текст за опасностите од храната која ја јадеме. Половина од големите торби со органски производи донесете ги дома и потоа сето тоа фрлете го во ѓубре, за да симулирате дете кое одбива да јаде било што од сето тоа. Навикнете се на тоа.
  3. Направете аларм за секоја дневна обврска која ја имате, но погрижете се да ѕвони како сирена за воздушен напад. Доколку ја сушите косата  20 минути, направете аларм за 11 минути. Ако вечерата ја подготвувате 30 минути, направете аларм за 10 минути. Дали читате книга 1 час? Направете аларм  за 30 секунди. Запознајте се со концептот на живот во кој немате доволно време за ништо.
  4. Научете го партнерот да плаче и да кука: “Гладен суууууууууум”, секогаш кога ќе седнете во автомобил да одите некаде. Натерајте го да го повторува истото откако ќе излезете од ресторан. Повремено удирајте ја главата од ѕид, за да се навикнете и на тоа.
  5. Замолете го партнерот да бара од вас да му ја пуштате истата песна во автомобил, секогаш кога се наоѓате во најголемата сообраќајна гужва, или не можете да паркирате. Замолете го да го прави тоа 4 години и никако да не ја менува песната.
  6. Секој ден пред  да излезете од  дома, спакувајте: ужина без глутен, која има доволно протеини, безбојна е, во цело зрно е и не може да се истури. Кога ќе најдете производ кој ги исполнува овие услови (напомена – не постои), фрлете го на задното седиште од автомобилот. Повторувајте го тоа 10 години.
  7. Замолете го партнерот да направи аларм во било кое време од полноќ до шест часот наутро, но никогаш подоцна од шест часот. Важно е алармите да ги направи тој, а вие да не знаете во кое време се. Обидете се да заспиете, знаејќи дека алармот ќе ве разбуди, но не и кога. Повторувајте го истото 18 години.
  8. Ставете мал пластичен кош на задното седиште од автомобилот. Обидете се во него да ставите ужинка, плишани играчки, книги и пластични шишиња со вода и возејќи симулирајте дека вадите од кошот и му давате на детето кое плаче. Паралелно со тоа слушајте ја песната од точка 5.
  9. Партнерот нека ви кивне директно во уста, а потоа нека ви се закашла во очи, минимум 7 дена.
  10. Кога ќе се срушите од замор, замолете го партнерот да ве удира со играчки по главата.

Ако сето ова ви звучи како дел од нешто во кое со задоволство би учествувале, подготвени сте да бидете родители.

Се шегуваме.

Не се шегуваме...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
7
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Што да очекувате од првиот логопедски прег...
Доколку сакате да знете што да очекувате од првиот логопедски преглед, ова е за Вас
4
Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?