namesp во 10:12
Препознајте ја дисграфијата кај вашето дете
www.doktori.mk, 24.10.2013
Веќе во предучилишна возраст може да се предвиди дали детето ќе има проблеми со пишувањето и читањето, преку испитување на гласовната анализа и синтеза. Ако детето не успее да го препознае слогот, и не успее да спои одредени гласови во реченица, можно е дека тие ќе имаат тешкотии во читањето и пишувањето. За правилно читање и пишување потребно е правилно развиен говорен јазик, разбирање на прочитаното и поврзување со изговореното. Кај децата важно е стимулирање на говорниот развој, развојот на визуелна перцепција, моторни вештини, памтење, внимание и графомоторна функција.
Постојат повеќе видови на дисграфија
1.Визуелна дисграфија: се јавува како резултат на стеснатиот опсег на визуелна перцепиција
Симтомите се :
- неможност за разликување на слични букви
- тешкотии во запамтување на буквите
- пишување броеви на спротивната страна
- пишување од десно на лево ( огледалско пишување)
- цртање предмети и ликови со превртени фигури
2.Аудитивна дисграфија: се јавуваат заради неразвиен фонематски слух. Во пишувањето се појавува буква која ја заменува онаа што требало да биде напишана.
3.Јазични дисграфии: се јавуваат кај деца кои имаат развојна дисфазија, кај дечиња со артикулативни пореметување и кај деца со ментална ретардација.
4.Графомоторна дисграфија: станува збор за тешкотии во пишувањето заради неразвиени графомоторни движења на рацете кои го водедуваат во прашање самиот ракопис
Пишувањето е сложен процес, кој ги интегрира сите мозочни функции. Првата функција која е вклучена во текот на пишувањето е добар фонемски слух како и фонемската перцепција. Завршна фаза вклучува пишување на читливи букви со добро диференцирана фина моторика на прстите и шаката. Кај некои деца со тешкотии во пишувањето се забележани знаци на хиперактивност и емоционална нестабилност. Пишувањето не е механички, но формата и големината на буквите се резултат од емоционалната и психолошката состојба на лицето кое пишува. Детето треба да се научи правилно да држи молив , да не притиска додека црта, да прави форми од пластелин, со ножици да сече хартија, да спојува линии, организирано во текот на играта - како најдобар начин да се научи.
Добриот говор е прв услов за спречување на пореметувањата на читање и пишување. Важно е да се развие соодветна артикулација (изговор на гласови) да се направи разлика по нивната звучност и местото на создавање, развој на слушната перцепција и внимание . Посебно е важно детето да ја разбира својата телесна шема. Просторната и временската орентација се исто така важни: разбирање на шемата на деновите од неделата, месеците од годината, на годишните времиња. Потребно е и поттикнување на развојот на моториката на прстите : собирање на мали предмети од маса со помош на двата прста, изградба на разни фигури и слики од стапчиња, да се користи хартија и молив-да се поврзуваат точки, да бои и доцртува.
Задача на родителот е да ги зајакне вештините кај детето, постепено да ги усвојува и во опуштена атмосфера целосно да му се посветите на детето околку еден час дневно.Вие не треба да ја завршите задачата наместо него, не го споредувајте со другите деца, туку поддржете го и пофалето го. Треба да обезбедите корисни и интересни материјали за вежбање со вашиот креативен начин да ја претворите секоја вежба во забавна игра.
дипломиран логопед
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Изгледаат толку мали и немоќни, а веќе дојде момент за прв пат да го пречекорат училишниот праг

Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако ретко, афазијата се сретн...

Погледнете како малиот Винсент Фредериксон ја имитира минатогодишната победничка на Евровизија швеѓанката Лорин

Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
