Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Зависно од тоа колку сте романтични, Св.Валентин во вашиот живот игра поголема или помала улога.
Почетокот на одбележувањето на денешниот Св.Валентин потекнува од времето на стариот Рим. Тогаш христијанството било млада религија, а на власт бил царот Claudius II.
Царот им забранил на младите војници да прават свадби и веридби за да ја спречи нивната желба да останат дома наместо да одат во војна.
Но, во тоа време живеел и свештеникот Валентин. Свештениците морале да ја почитуваат одлуката на царот, но Валентин сепак останал при своите животни цели и потајно ги венчавал оние војници што сакале да се венчаат. Раката на царот се разбира го стигнала и го фрлила во зандана.
На 14 февруари по наредба на царот, на Валентин му ја отсекле главата. Не долго по смртта, народот го прогласува Валентин за светец, па така и ден денес го славиме Св.Валентин. Традициите се различни во целиот свет.
Што да се подари за Св. Валентин?
Ако штотуку сте ја започнале врската, бесмислено е да се расфрлате со скапи подароци, особено ако вашиот партнер нема такви намери. Ако сте во долга врска или брак, тешко дека ќе го изненадите партнерот, но барем имате ас во ракавот – го познавате вкусот и афинитетите на партнерот.
Цвеќето е задолжително. Цвеќето е секогаш убав подарок, а за Св. Валентин има посебно значење и е задолжително, барем како додаток на подарокот што сте го намениле.
Колачи. Девојките сакаат да внимаваат на линијата, но тешко дека ќе одолеат на кутија рачно направени пралинки или јагоди прелиени со чоколадо.
Козметички третман. Девојките сакаат да се дотеруваат, но би биле среќни кога понекогаш тоа некој друг би го правел наместо нив. Секако немојте д аи подарите депилација или антицелулитен третман, туку маникир или слично.
Долна облека. Ова подарете го само ако сте сигурни во правилниот избор. И тоа нека биде секси, а не вулгарно, за да не ја навредите. Значи, заборавете на црвената боја.
Парфем. Парфемот е подарок со кој не можете да згрешите. Но и со овој подарок мора да внимавате, можеби вашата сакана има омилен парфем, па потрудете се да и го подарите оној што го преферира.
Курс за танц, за двајца. Повеќето девојки сакаат да танцуваат, а вие не сте баш некој фан. Размислете малку дали таа сака латиноамерикански ритми или стандардни. Ќе имате нова заедничка активност и ќе научите нешто ново.
Ваучер за wellness. Не мора да е некое скапо уживање. Можете и самите тоа да го направите во домашна атмосфера..се разбира со вклучена масажа. После масажата таа ќе ви биде благодарна и овој Св. Валентин ќе биде незаборавен за двајцата.
Направи сам. Рачно направени подароци, црца ,честитки....исто така нема да ја остават рамнодушна. Понекогаш е подобро подарокот да го направите самите отколку да го купите.
Што да не подарите?
Никогаш немојте да подарите: книги од типот „помогни си сам“, карти за натпревар, евтин накит, членство за фитнес клуб, апарати за домаќинство.
За крај....
Никогаш, ама баш никогаш, без разлика за кој подарок ќе се одлучите, не подарувајте не завиткан подарок.
7
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Првите кожни предизвици кај новороденчињата
Кожата на новороденчето е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Во...
Правилна орална хигиена кај децата преку четка и конец
Здравите навики започнуваат со првото запче....
Промената на жената, од бременoст до мајка
Бременоста е период на исчекување. Мајчинството е период на будење. По...
Знаци дека започнува породувањето
Како да ги препознаете вистинските сигнали и да останете смирени?...
Кога е безбедно да имате секс за време на бременост?
Сексуалните односи за време на бременоста во најголем број случаи се б...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?