|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Новогодишни украси со шишарки

Редакција Рингераја, 28.12.2017
Користете шишарки, за да ги направите убави и ефектни новогодишните украси. Можеби нема да верувате, но со неколку шишарки, малку боја и лепило може да направите многу различни новогодишни украси. Еве некои идеи
Клучни зборови:

image
/11


 

Класичен новогодишен венец

Користете ги собраните шишарки, за да си направите убав новогодишен венец. Прикачете ги шишарките кон гранчињата  со помош на топол силикон или лепило. На ист начин може да направите и венче од шишарки, па со панделка да го закачите на прозорецот.

 

1

 

Свеќник со шишарки

Земете една стаклена тегла. Завиткајте ја во чипка, а околу грлото ставете усукан коноп. Со помош на лепило залепете две шишарки, таму каде што сте врзале коноп, за да создаде илузија за панделка. Испрскајте го грлото на теглата и шишарката со вештачки снег. Ставете во теглата кафена свеќа.

 

2

 

Мини елхички од шишарки

Во внатрешниот дел на неколку поголеми шишарки залепете  памук, или пак монистра. На овој начин шишарките ќе изгледаат како мали новогодишни елки.

 

3

 

Новогодишни  играчки

Користете ги шишарките како основа за изработка на новогодишни играчки. На пример, на врвот на шишарките ставете дрвени перли, на ќе ставите очи и уста. Кон него додадете платно кое имитира капа. Веќе имате мало џуџе. На врвот на капата направете мала дупка во која ќе провнете конец и така ќе може да се стави играчката на елката.

 

4

 

Шишарки  во сад


Ако немате време за нопвогодишни проекти, тогаш едноставно соберете неколку шишарки и ставете ги во стаклен сад. По желба може однапред да се обоени со бела боја, со златен или сребрен спреј или пак со вештачки снег. Додадете во стаклениот сад неколку стапчиња цимет.

 

5

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кондомите и морската вода
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. Но додека пакувате крема за сончање и костим за ка...
25
Железото во исхраната
Во која храна го има железото и кои се дневни препорачани дози?
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4
Црвениот кармин
Црвениот кармин е класика која не излегува од мода. Тоа е една од оние задолжителни работи кои треба да се најдат во чан...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?