|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија и деца

ОХО, 26.4.2013
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 часот повторно Ве покануваат на Телма телевизија да ја следите новата епизода на тема: Религија и деца

image
/21


 

Почитувани,

Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 14.04.2013 во 10.20 часот повторно ве покануваат на Телма телевизија да ја следите новата епизода на тема: Религија и деца

 

Во неа отворено ќе да разговараат:

1.            Доц. д-р КаролинаРистова-Астеруд– Професор на Правниот факултет

2.            Петар Ристовски - професор по изборниот предмет Етика на религии

3.            Татјана Лазаревска, естраден уметник

4.            Славица Пенева- педагог

 

„Треба да инсистираме на децата да им наметнеме морална, индивидуална човечка вредност. Но тие вредности не се само на една религија или едно верско убедување, туку тоа се универзални морални константи кои цивилизациски опстојуваат токму  поради тоа што го воделе општеството напред.

 

Не убивај, не кради, биди обзирен кон останатите, почитувај ги туѓите права како што сакаш да ги почитуваат и твоите, се начела кои се основа не само на религискиот, туку и на секој правен концепт на една држава“- вели Зорица Црношија, водител на емисијата. 

 

ОХО како продуцент на „Кој кого расте“ има за цел да ги одгатне дилемите со кои се соочуваат родителите при носењето на секојдневните одлуки- кој е најдобриот начин да се одгледаат децата.

 

Во таа насока, со емисијата сакаме да ги поттикнеме останатите медиуми, новинари и креатори на јавното мислење заеднички да обрнуваме и третираме теми кои ги засегаат родителите и децата.

 

Одговорност на тимот кој стои зад „Кој кого расте“ е континуиран развој на заедницата во која дејствуваме, за таа цел обработуваме теми кои се значајни и актуелни.

 

На нашиот канал на Youtube:Кој кого расте, можете да ги гледате сите епизоди, а во меѓувреме пишете ги вашите приказни, желби и впечатоци на kojkogoraste@oxo.org.mk и Facebook страната на „Кој кого расте“.

Со почит, ОХО

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
12
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?