namesp во 10:12
Нов Лино календар и Лино плишано мече
Лино, 2.10.2012
На овој начин, Лино ја продолжува 32-годишната традиција на подарување, уште од 1979 година кога беше подготвен првиот Лино календар, кој веќе стана врска меѓу генерации и генерации на деца и Лино мечиња. Всушност, Лино календарот во последните три децении стана вистински феномен, кој се прошири од Хрватска во соседните земји. Од 2004 година Подравка, започна со изработка на Лино календари и на другите јазици во Југоисточна Европа, и во годините кои следеа на авантурите на мечето Лино уживаа повеќе од 100.000 деца.
Со текот на годините, темите и приказните се менуваа, Лино патуваше низ светот, се занимаваше со различни спортови, свиреше на многу инструменти, работеше разни земјоделски работи, другаруваше со необични пријатели, раскажуваше приказни, ги учеше децата на добро однесување и споделување на нивните чувства. Лино многу години беше верен пријател во играта, учењето, растењето, во градење меѓусебна доверба и љубов кои ќе продолжи да ги гради и одржува и во иднина. Триесет и три годишниот Лино календар на децата им носи многу радост, а и на нивните родители кои преку игра и забава ќе поминат убави моменти од слободното време со своите деца. Лино календарот влијае на поттикнување на детскиот развој на имагинација и креативност.
Прочитајте што сака Лино да Ви каже оваа година:
Драги мои!
Се ближи крајот на уште една година и време е да го поделам со вас она што внимателно го работев цела година. Се разбира, се работи за мојот нов календар.
Подготвив многу интересни работи кои ве чекаат во самиот календар, но преку цела година исто така многу ќе се дружиме и тоа токму овде, на мојата веб страница www.lino.eu.
Низ календарот ќе ве запознаам со своите пријатели. Со нив одлично се забавувам бидејќи се баш супер и сигурен сум дека и вам ќе ви се допаднат. Забавни се, добри пријатели се, имаат супер хоби и секогаш е убаво да го поминеш времето со нив.
Како да учествувате и да добиете свој Лино Календар за 2013 година?
Лино календарот може да го добиете многу едноставно. Уживајте во здравите и убави Лино производи, собирајте Лино мечиња, кои се наоѓаат на задната страна на амбалажата на секој производ. Лино мечињата со вкупна вредност од 1 кг, заедно со исполнет Лино купон испратете ги на адресата наведена на купонот.
Своите податоци можете да ги напишете на купонот кој го подготвив, а може да го симнете ТУКА. Пополнете го и испратете го заедно со своите мечиња.
Значи се што треба да направите е да испратите исечени мечиња од Лино производите во вкупна вредност од 1 кг, заедно со своите податоци. на адреса ДТУ ,,ПОДРАВКА,, ДООЕЛ Скопје, ул:Качанички пат 146, 1000 Скопје, Македонија.
Потоа некој убав ден, поштарот ќе чукне на Вашата врата и ќе Ве развеселисо нов Лино календар.
Но тоа не е се. Освен Лино календар, оваа година имате прилика да освоите и нешто посебно....
Во период од 29.10-14.12. еднаш неделно ќе се врши извлекување на 10 добитници на мече Лино, а добитниците ќе бидат објавени на www.ringeraja.mk i www.lino.eu
Ваш Лино
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...

Креативното размислување е важен дел од нашиот живот, потребно ни е во училиште, на работа и во слободните активности

Нова игра на подароци на Рингераја.мк, во соработка со Mama's! Вклучете се и Вие во Креативното катче на Mama's и добијт...

Ние живееме на село, во многу стара куќа без непотребен конфор или телевизија. Нашиот двор со шума од бамбуси и природно...
