Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Се повеќе и повеќе луѓе денес имаат проблеми со нивната телесна тежина. Една неодамнешна студија во САД укажува дека и до 60% од сите возрасни се со сериозно зголемена тежина или клинички обезни. И се чини дека состојбата ќе продолжува да се влошува. И покрај толку многу достапни методи на диета и техники на вежбање, прашањето е зошто ние продолжуваме да се „надувуваме“ во стомакот?
Зошто е висок процентот на луѓе со прекумерна телесна тежина?
Една од главните причини е парадоксот на современото општество. Што помодерно нашето општество станува и што повеќе се развиваат новите технологии, дотолку побрзо можеме без многу мака да ги „завршиме работите“. Инстант преземањата на филмови, електронската пошта, СМС пораките, па дури и испораката на храна, доведуваат до ситуација кога многу нешта се на располагање со едно притиснување на копчето. Буквално се што сакаме, можеме да го добиеме прилично брзо. Квалитетната исхрана тука најмногу „трпи“. Освен ако не живеете во селска средина, речиси е невозможно да минете километар без да поминете покрај неколку продавници и киосци на брза храна. Дури и ако одите во самопослуга, таму има готови јадења или оброци кои само треба да се стават во микробранова, а истите имаат недостаток од хранливи состојки.
Станува логично најпопуларните книги и совети за исхрана, како и програмите за вежби кои можеме да ги најдеме во книжарница или на интернет, да се дизајнирани да ветат брзи резултати со малку или без никаков напор. „Губи телесна тежина додека спиеш“, „Слабеење без чувство на глад“, „Изгуби 5 килограми за еден викенд“ итн. Знаете сите на што мислам.
Промената на телесната тежина бара време
Интересно, дури и ако се обидувате да се здебелите со таа брзина – нема да ви успее. Човечкото тело е огромна мешавина од комплицирани и неверојатни хемиски реакции, па за менувањето на вашиот метаболизам, вашата тежина и вашиот физички изглед е потребно време. Исто како што е потребно подолго време за да добиете вишок на телесна тежина, ќе ви треба исто толку, а најверојатно и повеќе за да ослабнете. Но, за жал, повеќето луѓе нема да бидат заинтригирани да купат книга или да прочитаат совети кои ветуваат губење на 1-2 килограми месечно.
Сепак, ако прашате луѓе кои имаат прилично пристојни тела, тие ќе ви кажат колку многу треба да се обрнува внимание на телесната тежина. Особено ако веќе сте ги поодминале тинејџерските години, кога можете да јадете скоро се и да не се дебелеете. Тајната е во прифаќањето на идеата дека бавното, постепено губење на телесната тежина е единствениот и најдобар начин на слабеење. Тоа е најлесно да се започне и подоцна најлесно да се одржува.
Бидете активни - пешачете!
И за крај, далеку најлогична, најпристапна и најефективна вежба за губење на тежината е едноставното пешачење. Една пред друга нога и така најмалку по дваесетина минути дневно. Се разбира, што повеќе пешачите – толку подобро, но ако сте на самиот почеток на планот за губење на тежина, дваесет минути на ден е сосема во ред. Прескокнете ги „брзите“ диети, прескокнете ја членарината во теретана и одете на прошетка. Ќе бидете пријатно изненадени од резултатите.
забава Бремените
Автор: bobik
Навики што тивко ве дебелеат. Како да ги смените?
Не се секогаш големите оброци или слатките во полноќ причината за ната...
Промена на рутина при променливи температури
Температурните осцилации не влијаат само на расположението, туку тие о...
8 грешки што ги правиме на екстремни горештини
Летните жештини се повеќе од непријатност. Тие можат да бидат и опасно...
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појав...
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој мо...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.