Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
"Што и реков на својата жена откако телото и се промени по породувањето? Апсолутно ништо. Познат е фактот дека бременоста не настанува сама од себе. Така што и јас сум одговорен за промените кои се случија на нејзиното тело. Кога ќе посакате да имате дете, веројатно сонувате дека тоа ќе биде личност која оди по Марс, дека ќе пронајде лек за неизлечива болест и слично, но тогаш сте ја задолжиле и својата жена со зборовите – Еј драга, сакам да го носиш моето дете девет месеци. Тоа драматично ќе го промени бројот на твоите невротрансмитери и ќе донесе големи и трајни промени на твојот ум и твоите способности, но и на твоето тело. Ќе добиеш млеко и ќе се здебелиш.
Ние имаме две деца, а мојата жена беше бремена 4 пати. Тоа е вкупно 26 месеци, две години мачнини и чудни желби, последици од доење и лузни од царскиот рез. Да разјасниме нешто. Да, телото на мојата жена се промени откако го роди нашето дете. Па што? Ама за какви промени зборуваме? Таа сеуште е истата огнена црвенокоса, каква што била отсекогаш.
Знајте го ова...И моето тело се промени. Кога се венчавме имав 27 години. Кревав тегови и трчав. Денес единствено што кревам е мојата ќерка, во дневната соба додека си играме авиони. Моето трчање се сведува на бркање со мојот тригодишен син, додека се правам дека сум чудовиште од цртаниот филм.
Самата идеја на осудување на телото на мојата жена е силно одбивна, себична и површна.
Размислете на овој начин: Еден од вашите пријатели со кој секогаш играте фудбал е на боледување. Ситуацијата му се влошува и мора да оди на операција. Вие сигурно нема да размислувате за тоа какви ќе му бидат стомачните мускули по операцијата. Само би посакале што побрзо да се опорави: Фраеру, преживеа!
Разликата во ова сценарио е што вашата жена со операцијата донесла на свет ново човечко битие. И тоа не било кое – туку вашето дете!
Го сакам телото на мојата жена по породувањето, бидејќи секој пат кога ќе погледнам во него, го гледам своето семејство, а тоа е она за што вреди да се живее секој ден во животот. И заради тоа што и покрај се што досега сум згрешил, таа сеуште сака да спие до мене.”
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Инфекции на уринарниот тракт кај деца
Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции в...
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)