Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: Melanija
Датум на породување: август 2013 година
Тип на породување: царски рез
Болница: Чаир
Денот кој го чекавме 9 месеци, 40 недели, беше во точно 39-недела, петок, топол ден. После лесна и убава бременост, на која чекавме цели 3 години, крајот го чекавме со нетрпение. Се водев со голема веројатно за царско породување, поради две причини. Во четврток растреперена заминавме со сопругот на ЦТГ. Чувствував возбуда, си велев да не ме задржат денес, оставив некои недовршени работи дома, не не сигурно уште 2-3 дена нема да биде.
Но, докторот ме гледаше на ехо и ми рече - остануваш утре ќе ти правиме царски рез. Целата збунета и во солзи не прашав зошто баш денес. Ах, зарем и од трета причина? Разделбата со сопругот беше низ солзи, не можев да го пуштам од прегратка. Му велев "нели се ќе биде добро, утре ќе го имаме нашето синче?" и секако утешителни зборови "Да да, се ќе биде добро, дојде денот, немој да се грижиш и смири се".
Цела ноќ се будев од немир и страв дали се ќе помине во ред, дали после повеќе од 3 години ќе дојде радоста наша.
Во 5 часот наутро ЦТГ, па клизма, па катетер, пoдготовки, администрација ..... и пат кон операциона сала. Малиот немирко беше многу активен, ја чуствуваше мојата вознемиреност, постојано го галев и си велев денеска е денот. Будење ..... имате син, тежок 3.270, должина 49 см, се е во ред.
Во ред, но чекав за радоста до следниот ден. Почнаа да влегуваат сестрите по соби со бебиња, бевме три родилки, кога влезе во собата со едно бебе го погледав и го познав по очите. Тоа беше МОЕТО бебе. Подвикнав "еве го моето бебе". Го оставија во креветче а јас веднаш го зедов во раце, никаква болка не можеше да ме спречи. Почнав да му зборувам, милувам и бакнувам. Ух, неверојатен момент, волшебна прва средба!
Сега имаме 6 месеци, растеме, гугаме, се превртуваме, јадеме..... и најмногу се гушкаме. Прегратка која е една и единствена, прегратка со моето најсакано синче.
Рингераја му посакува среќно детство на синчето на Melanija!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Исхраната на малото дете е една од најважните грижи на родителите. Кол...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?