|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

mamicka77: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.10.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/121


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: mamicka77

Датум на породување: 05.09.2011  година

Тип на породување: природно

Болница: Градска болница Штип

 

 

Поминаа три години откако ги очекувавме двете цртички на тестот за бременост од кои едни излегоа негативни а едни завршија во 13 гестациска недела. Од тој ден па се до 4 јануари, кога му се јавив на маж ми и му реков јас ке одам до град да купам тест за бременост, отидов во аптека и купив тест и решив да го направам кога ќе се врати од работа. На негово инсистирање тестот го направив веднаш и не ми се веруваше дека веднаш се појавија двете црвени и долго очекувани цртички. Целата растреперена и среќна му ѕвонам и му велам бремена сум ЗЛАТО МОЕ конечно ќе ни се исполни желбата. Тој остана без зборови и само ми рече ѕвони на докторката и прашај ја кога да одеме и да се осигураме бидејки не ми се верува.

По една недела отидовме на преглед и неописливо беше чувството кога го видовме тоа мало ембрионче што девет месеци ќе расте во мене и го слушнавме неговото малечко срценце како чука. Бевме пресреќни, а исто и докторката со нас бидејки знаеше колку многу го очекувавме тој момент. Бевме пресреќни цели девет месеци, се беше добро. Терминот ми  беше на 5 септември. На 4 септември вечерта околу 23 часот почна да ме боли стомакот но не обрнав внимание не се ни надевав дека со тие болки ќе почнам.Маж ми спиеше, а јас само се превртував и помислив дека сум гладна. Излегов надвор и изедов едно јаболко, се вратив и со тие болки по некое време сум заспала. Се разбудив во 2 и 45 и почна посилна болка, се разбуди и маж ми и ме праша што ми е. Му кажав ме боли стомакот и тој ми праша дали се породилни болки, но јас не бев сигурна. По 10минути се повтори истата болка и тој ми рече да се спремам за во болница. Тоа му беше последен ден од одморот на 5 септември требаше да оди на работа и ме убеди да ме одведе зашто потоа немаше кој, а не живееме во ист град каде што требаше да се породам.

На пат кон болницата болките ми беа се појаки и појаки и се зачестија на 5минути. Се прашував дали ќе имам и појаки болки, бидејќи и овие беа неиздржливи, но ако, се ќе издржам за нашата керка. Во болницата стигнавме во 5 часот ме примија ме прегледаа бев само два прста отворена и ми рекоа да одам во соба и дека има време додека да се породам. Тогаш му реков на маж ми да оди на работа. Во тој момент  на ништо не мислев само со душа чекав да ја видам жива и здрава нашата ќеркичка.

Во 8 часот дојде докторката и пак ме прегледа само четири прста бев отворена.Болките веке на 3 мин ми почнаа, а јас нестрпливо се прашував дали ова ќе заврши денес, или ќе продолжи и следниот ден. Лежев во собата се до 11часот кога докторката ме повика и пак ме прегледа и рече дека сум отворена седум прсти, па ме советуваше да шетам околу салата. До тогаш примив две инјекции спазмекс и останав да седам на клупата до салата се до моментот кога болките станаа се појаки и појаки и почнав да викам дека веќе не можам да издржам. Ме прегледаа, ми го пукнаа водењакот, ми ја ставија третата инјекција спазмекс и ми рекоа да бидам што поблиску до нив да не се одалечувам и да викнам кога ке добијам напон. Во 14 часот веќе почнав да имам напон и почнав да викам ме качија на бокс и ми кажаа да давам напон колку што можам најсилно.

Во 14часот и 20 мин се роди мојата ќеркичка, бев пресрекна кога ја слушнав како плаче и  веднаш ја подигнав главата да ја видам. Кога видов дека папочната врвца и е замотана околу вратот, веднаш прашав дали е се во ред. Ми одговорија дека е модра бидејќи папочната врвца и се замотала околу вратот, а и плодовата вода била заматена. Ми кажаа дека ќе направат анализи и дека се ќе биде во ред, па малку се смирив. Ми го донесоа мобилниот телефон за да го известам маж ми. Му заѕвонив и му велам ЗЛАТО МОЕ честито имаш ќерка која се роди 2900 гр. долга 48 цм и со апагар 7/8 бидејки папочната врвца и беше замотана и се заматила плодовата вода, а тој пресреќен и само ме праша дали сме добри и двете и ми рече се слушаме подоцна.Ете така заврши нашиот долгоочекуван ден и сега сме пресреќни со нашата принцезичка МИЛА.

 

Рингераја и посакува среќно детство на Мила !

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?