Како што викаат некои мајки, првиот пат се плашиш бидејќи не знаеш што те чека, додека вториот пат се плашиш бидејќи знаеш веќе што те чека.
Вториот царски ми беше закажан, после влегувањето во 39-та недела.
Ден пред породувањето отидов во болница. Разни гинеколошки прегледи, ехо, ЦТГ, ЕКГ, испитување на крв ми правеа тој ден. Другиот ден наутро се породив.
Истото чувство, се чувствував исплашено и несигурно, бидејќи втората бременост се водеше ризична и разликата од двата царски е 14-ипол месеци. Се беше исто, само радиото го немаше со српски турбофолк.
Сред операција почувствував дека можам да ги мрдам нозете, се уплашив ама ништо не кажав. Откако се породив ,секако дека пак плачев на пола породување,и само што ја слушнав реченицата "Здраво женско бебе,3800 грама, 52 должина, честитки мајка" ,веќе ми беше полесно.
Ми ја дадоа во прегратка,т.е врз мене и само што ја зедоа назад докторот рече "дај и ја уште еднаш, да се смири жената".
Откако заврши се и кога требаше да ме префрлат на количката, почувствуваа дека можам да мрдам со нозете и можам сама да се преместам, ми рекоа мајка браво ти веќе мрдаш со нозете. Е тогаш и кажав дека тоа го почувствував уште на пола операција а ми беше страв да и кажам.
После породувањето следуваше пеколот во шок соба. Само вториот пат мислам дека побрзо ми помина времето таму.
Додека лежев во болница, 5 дена, станувањето од кревет и почнувањето со храна ми беше кажано да биде еден ден подоцна од мајките со кои бев породена истиот ден, не знам зошто. Иако многу полесно ми беше станувањето и движењето од првиот пат.
Георгина беше многу мирно бебе, не плачеше воопшто.
Два дена пред да не пуштат дома, ми кажаа дека бебе е многу "жолто" и дека повеќе треба да "го печат" и дека не се знае дали ќе си одиме на петиот ден.
За голема среќа се среди се, со голема помош и на мајчиното млеко.
Истиот ден, пред да си одиме на визитата докторот ми кажа дека многу тешко ме сошиле, местото уште било тврдо и за следно породување да чекам најмалку 5 години.
Раните од двата царски ми се лепени и се хоризонтални.
Преубаво искуство докторите и сестрите, со цимерките со кои контактирам и ден денес.
Се породив во Штип. Прво породување - Џидров, второ - Бочваров.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Цервикална дилатација и скратување
Доколку сте во последните недели од бременоста, сигурно сте чуле термини како „дилатирана 2 cm“ или „цервиксот е 50% изб...
4
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и најздравиот начин за менструална хигиена?
3
Подуеност после јадење
Секој од нас барем еднаш почувствувал чувство на тежина, стегнат стомак, гасови или подуеност. И сето тоа дури и после о...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2