Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
XX недела
Детето сега е долго околу 20 см и тешко околу 300 гр. На неговата глава расте коса и почнуваат да му се развиваат заби. Се создава верникс, тоа е бела мрсна материја која го штити детето во стомакот. Рацете и нозете се добро развиени, детето е активно и би требало да ги почувствувате неговите движења, реакции на јаки звуци однадвор. Честопати детето во овој период знае и да мирува.
XXII недела
Во овој период детето е долго околу 27 см и тешко околу 450 гр. Почнува да го користи својот имунолошки систем со кој се брани од инфекции, кои ретко продираат до плодот, но секако постојат и исклучоци. Нервите се повеќе се поврзани, па така и движењата се покоординирани.
XXIV недела
Детето сега е долго околу 30 см и тешко околу 600 гр. Во оваа недела детето е слабо, но и понатаму нема наталожено масно ткиво. Му се формираат потни жлезди, детето поддригнува, ика (што може да се почувствува како лупкање), ја напрчува устата, прави гримаси со лицето. Мускулите на рацете и нозете му се добро развиени. Се менуваат периоди на голема активност на детето и периоди на мирување. Детето го цица палецот, голта вода и ја испушта во вид на мокрача, а се формира и осетот за вкус.
XXVI недела
Детето во овој период е долго околу 34 см и тешко околу 760 гр. Во оваа недела прво се развиваат градите на веќе развиените градни жили, и се прицврстуваат воздушни меурчиња. На нивната внатрешна страна се излачува материја која им овозможува на градите правилно да се шират при дишењето. Развивањето на градиниот кош продолжува и понатаму.
XXVIII недела
Детето сега е долго околу 37 см и тешко 1000 гр. Под црвената набрана кожа почнува да се таложи масно ткиво. Многу брзо се развива делот од мозокот кој е одговорен за умствените активности. Детето чувствува болка на која реагира исто како новороденче. Градите сеуште не се потполно развиени. Вашиот партнер, конечно може да ги почувсвува бебешките движења, ако ја стави раката на вашиот стомак. Очните капаци се одвојуваат, па детето може и да гледа. Веќе е формирано сетилото за вкус, па веќе може да почувствува слатко, кисело, горко.
Возраст на плодот | Проценета должина* | Проценета тежина* |
XX | 20 см | 300 гр. |
XXII | 27 см | 450 гр. |
XXIV | 30 см | 600 гр. |
XXVI | 34 см | 760 гр. |
XXVIII | 37 см | 1000 гр. |
* податоците се разликуваат од извор до извор поради различниот начин на мерење
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?