Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
XXXII недела
Вашето дете би требало да е долго околу 41 см, а тешко околу 1600 гр. Детето сега веќе изгледа како новороденче но и понатаму е слабо и телото мора уште да му се развива. Неговиот мозок многу брзо расте, така што и главата станува се поголема. Во матката има се помалку место, па веројатноста да се сврти со главата надолу е голема.
XXXIV недела
Детето сега е долго околу 44 см, а тешко околу 2000 гр. Тоа разликува светло од мрак, па кога спие очите му се затворени, а кога е будно очите му се отворени. Сите органи воглавно се развиени.
XXXVI недела
Вашето дете во овој период е долго околу 46 см, а тешко околу 2500 гр. Неговата глава е веќе спуштена во карлицата, подготвувајќи се за породување. Ноктите на рацете и нозете се пораснати до врвовите на прстите. Кај машките деца во овој период би требало тестисите да се спуштат. Детето има потполно развиена коса, трепки и веѓи. Во следните неколку недели детето ќе ја зголемува својата тежина за околу 28 гр. дневно.
XXXVIII недела
Детето сега би требало да е долго околу 49 см, а тешко околу 3000 гр. Во неговите црева се собира мекониум, првата столица кај новороденчето. Плодовата вода која поради излупените клетки и маснотии е бела, значи дека на бебето сеуште му е добро во стомакот на мајката. Може да се случи, бебето и да се искака во стомакот на мајката, а тогаш докторите одлучуваат дали тоа има добри услови за живот во стомакот.
XXXX недела
Вашето дете би требало да е долго околу 51 см, а тешко околу 3400 гр. Повеќето влакненца би требало да ги нема, иако би можело да се случи да останат по рамениците, рацете и нозете. Детето и понатаму може да биде покриено со верникс и движењата на детето се ограничени.
Возраст на плодот | Проценета должина* | Проценета тежина* |
XXXII | 41 см | 1600 гр. |
XXXIV | 44 см | 2000 гр. |
XXVI | 46 см | 2500 гр. |
XXXVIII | 49 см | 3000 гр. |
XXXX | 51 см | 3400 гр |
* податоците се разликуваат од извор до извор поради различниот начин на мерења
Ве интересира како се разива и расте плодот, што се случува со трудницата и за што размислува идниот татко? Календарот на бременост на Рингераја, ве води од недела во недела низ бременоста.
забава Бремените
Автор: bobik
Менструалната болка е искуство кое го имаат огромен број жени. Некои ј...
10 идеи за игра со новороденче
Многу родители мислат дека играта започнува кога бебето ќе порасне мал...
Ноќните стравови се еден од највознемирувачките феномени што родителит...
Помладото дете секогаш останува „мало“
Во многу семејства, постои една несомнена вистина која се повторува со...
Миомот на матката е бениген тумор кој се развива во ѕидот на матката и...