|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајчинството е факултет кој трае цел живот!

Ines Skoic, 21.3.2014
Што уште ме чека на овој пат не можам ни да замислам, но подготвена сум за нови предизвици. И знаете што уште е супер? На овој факултет не сум паднала на ниту еден испит. Дури и ако згрешам, мојот принц не ме турка, бидејќи сум негова мајка...
Клучни зборови:

image
/11


 

Верувам дека секоја идна мајка, посебно онаа која очекува прво дете, во мислите се сретнала со прашањето: “Ќе бидам ли добра мајка?” Јас знам дека сум. Исто така знам дека се обидов да се подготвам за таа улога колку подобро што можев, бидејќи сакам да имам контрола над се и не сакам ништо да препуштам на случајноста.  Она што не знаев  во моментот кога ги погледнав двете цртички на тестот за бременост, е тоа дека девет месеци нема да ми бидат доволни за подготовка и дека ќе учам цел живот и, како што се вели, пак ќе умрам незнаејќи. Бидејќи сум на почетокот на своето школување, не можам многу да ви помогнам, но можам со вас да го споделам она што го научив досега.

 

Бременост – прв семестар

Бременоста е прв семестар на факултетот за идна мајка и како што знаете трае околу 9 месеци, односно 40 недели. Во првиот семестар се обидов да присоберам што повеќе знаење од книги, интернет и на усните предавања. Но набрзо сфатив дека на овој факултет мојот мал принц ќе биде професор, а јас негов ученик. Меѓу првите работи ме научи дека утринските мачнини траат цел ден, дека може да се спие и настрана, на грб, па дури и со седење, без оглед на тоа што цел живот спиев на стомак. Научив дека понекогаш морам да дозволам некој да ми помогне, да ми ги врзи на пример врвките од патиките. Ме научи да се радувам кога ќе ме клоцне. Секое негово клоцање го дочекував со насмевка и барав уште. И да, никогаш порано не сум била имуна на зголемувањето на тежината. Кога семестарот ќе се приближи кон својот крај, она што секоја мајка го очекува е секако испитот! Првиот голем испит на мајчинството, кој мора да го помине секоја мајка.

 

Породување – прв испит на мајчинството

Како што веќе претпоставувате, испитот се вика породување. Нема да ве лажам, моето породување не се вбројува во оние тешки и макотрпни породувања, но дека ѓаволски ме болеше – ме болеше. Во тек на тие 10 часови кои ги поминав во породилната сала, мојот мал принц ја тестираше мојата издржливост, мојата сила и мојата храброст... По десет часови мачење конечно го запознав својот професор, својот мал принц, кој девет месеци ми лежеше под срцето. И не мораше да ми ги каже резултатите од испитот, знаев дека поминав. Мојата награда беше тој, најубавиот мал медал на светот.

 

Прва година

После породувањето се запишав на втор семестар со назив Прва година. Не ни беше лесно, тука имаше се' и успони и падови. Но во таа година многу напреднавме. Малиот принц растеше како печурка, му никнаа 8 запчиња, ги научи зборовите “мама, тато, баба...” и уште многу кои не ги разбирам, но се трудам. Прооде, плеска со рацете и прави па-па.

А мама? Мама научи да дои, да ги разликува различните видови плачење, да си игра до 3 наутро, иако би спиела, да се тркала по подот од смеење, иако ништо не е смешно.  Најважното нешто на што ме научи мојот мал професор е безрезервната љубов и потполната среќа.

Денес е мој втор ден од семестарот 2 година. И знаете што? Се радувам и на него и на сите останати семестри кои ќе дојдат, бидејќи мајчинството е факултет на кој си вечно студент. Што уште ме чека на овој пат не можам ниту да замислам, но подготвена сум за нови предизвици.

И знаете што уште е супер? На овој факултет не сум паднала на ниту еден испит.  Дури и ако згрешам, мојот принц не ме турка, бидејќи сум негова мајка и за него сум најдобра на светот.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
4
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?