Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Од првиот ден на раѓањето на бебето сме загрижени дали нашето дете јаде доволно. Паралелно со тоа, бидејќи сме свесни дека обезноста кај децата е се почеста појава, се плашиме да не отидеме во некоја друга крајност. Тогаш се поставува главното прашае - која количина на храна е доволна.
За да им помогнат на родителите, нутриционистите ширум светот направија водич за родителите за тоа колку треба да изеде детето, во зависност од возраста.
За дете на возраст од 1-3 години се препорачува внес на 1000-1400 калории дневно.
После првата година детето расте малку поспоро отколку дотогаш, па така и апетитот може да се успори. На секој килограм на детето, на оваа возраст, треба да внесете меѓу 70 и 80 калории дневно, според водичот на американскиот Медицински Институт.
7 причини да изберете овошје наместо колачи
Како да знаете дека сте внесле доволно калории?
- Верувајте им на инстиктите на детето
Природно е апетитот на детето да биде променлив од ден во ден. Многу родители признаа дека ги тераат децата да јадат повеќе, им даваат награди и ги поткупуваат за неколку залаци повеќе. Морате да му верувате на детето кога ќе ја тргне чинијата и ќе каже дека му е доволно. Во спротивно, детето ќе почне да јаде и кога не е гладно, што ќе ве одведе во сосема поинаква крајност - обезност. Многу студии покажале дека обезните деца потполно изгубиле чувство за глад и ситост. Во ред е ако детето ја прекине играта и земе некое парче овошје, зеленчук или некоја житарка, но непрестаното сервирање на премногу храна на масата станува навика на детето и почнува да јаде несвесно.
Држете се до распоредот
Служете оброци и ужини на растојание од три часа. На овој начин се нормализира чувството на глад. Детето кое без престан нешто грицка, нема да чувствува глад.
Немојте да го подмитувате детето
Да, јасно е дека останаа неколку залаци месо и зеленчук во чинијата, но не го терајте детето да дојаде. Така ќе го однесете на патеката на прејадувањето. Ако детето добие слика за зеленчукот дека мора да го јаде бидејќи е здрав, тоа никогаш нема вистински да засака да јаде зеленчук, истакнува докторката Дина Роуз.
Предлог за едноставно дневно мени за деца
На возраст од 1-3 години, детето треба максимум да испие 2 чаши млеко дневно. Најдобро би било да преминете на вода доколку е уште жедно.
Појадок
- Житарици и пола исецкана банана
Ручек
- Грав со месо
Вечера
- Пелено пилешко, сладок компир и малку обарена брокула
Ужина
- Половина чаша јогурт со овошје, исецкано јаболко, исецкано сирење на коцки
Следете ја @ringeraja.mk на Инстаграм
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Инфекции на уринарниот тракт кај деца
Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции в...
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)