namesp во 10:12
Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж...
Meredith, 3.6.2016
Продолжив да се смеам, но одвнатре стивнав и се исполнив со мисли кои не можам да ги објаснам, со горчливи чувства кои останаа во мене.
Кога ќе станеш маж, овие мали прсти кои ги држат моите раце, ќе се слизнат. Нема повеќе да ја чувствувам твојата мека кожа на мојата дланка, кога одиме по патот, барајќи верверички, кои паметно се кријат од нас. Твојата рака ќе припаѓа на друга, која ќе бара силни, машки раце. И овие моменти на тивката, доверлива врска меѓу нас, ќе исчезнат во твојот ум, но засекогаш ќе живеат во мојот.
Кога ќе станеш маж, веќе нема да бараш моја дозвола. Сите оние среќни реченици “Може ли мамо?” – и твоите очи кои светнуваат, обидувајќи се да ме убедат, со својата љубопитност и со својот оган, ќе бидат замолчени. Желните молби ќе бидат заменете со одлучност, како и на секој маж кој го гради својот пат. А јас ќе те гледам од маргините, како твој најголем обожавател.
Кога ќе станеш маж, нема да бараш од мене да те заспијам, сакајќи моето лице да биде последното нешто кое ќе го видиш пред спиење. Нема да ме молиш за уште еднаш да ја испееме “The wheels on the bus”, или да бараш последна прегратка пред да ги изгаснам светлата. Ќе имаш свој дом и ако имаш среќа, нечии очи ќе те гледаат заљубено пред да заспиеш. А јас никогаш нема да престанам да посакувам да ти испеам барем еден стих од твојата омилена приспивна, да чујам барем едно “Добра ноќ мамо”, пред да ги изгаснам светлата.
Кога ќе пораснеш и кога ќе станеш маж, нема да го влечкаш своето омилено кебенце и нема да ми дојдеш во скут велејќи “Мамо, ми се спие”. Нема да ми истрчаш во прегратка кога ќе влезам дома и нема да ми пишуваш “Те сакам” на мали искинати ливченца. Нема да се качиш на работната маса во кујна и гордо да кажеш дека си повисок од мене, а потоа да ме прегрнеш и да побараш од мене да те спуштам долу, вртејќи те во круг.
Не, кога ќе бидеш маж, ќе бидеш сериозен и одговорен и се друго што се очекува од возрасен човек.
Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж, ќе бидеш силен, духовит и љубезен. Се уште ќе пишуваш љубовни писма, исполнети со вистински реченици, наменети за љубовта на твојот живот. Се уште би можел да ја пееш “The wheels on the bus” на твоето дете, кое ќе бара уште една прегратка од тато, пред да се изгаснат светлата.
Кога ќе бидеш маж, ти се уште ќе бидеш мој син. Се уште ќе бидеш мојата среќа, мојата светлина, мојата прекрасна светлина. Но повеќе нема целосно да бидеш мој.
И така, гледајќи те со гордост како растеш, давам се од себе за да кажам “Да, кога ќе пораснеш ќе бидеш маж”.
Но не денес. Денес се уште си мое бебе. И те држам цврсто.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...

Родителите треба да знаат дека многу хигиенски навики се развиваат уште додека децата се мали, па така со време ќе стан...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
