vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Една од најчестите грешки кои си ги дозволуваат родителите е на своја рака да им даваат лекови на децата без да размислат дека со тоа може да доведат до сериозни последици за здравјето на децата.
Споделуваме неколку погрешни чекори, од кои е подобро да се откажете, кога децата се болни и мора да примаат лекарства:
Не давате точна доза на лекот
Секогаш давајте ја дозата препорачана од вашиот педијатар или фармацевт или како што е напишано на пакувањето. Дозите кои ви се препорачуваат се засновани на телесната тежина на детето и на неговата возраст.
Повторување на дозата
Случајното повторување на дозата е честа грешка, особено кај бебињата, кои не можат да ви кажат дека веќе го испиле лекот. Треба строго да ја следите шемата на давање на лековите и ако е потребно да го запишувате времето кога на детето сте му дале лек.
Во случај да сте заборавиле да му дадете на детето доза лек, следниот пат не треба да му давате две дози. Исто така почитувајте го часот во кој треба да се зема лекот.
Не се препорачува земање на дозата во пократко време од времето наведено на пакувањето, или од она што ви го назначил лекарот.
Ги игнорирате упатствата на лекарот
Кога детето пие антибиотик, честа грешка на родителите е да го прекинат третманот уште при првите симптоми на подобрување. Бактериите можат да станат отпорни на лекот, ако не се придржувате кон целосниот третман даден од педијатарот.
Во овие моменти болеста повторно се враќа и детето мора да започне со лекувањето одново, што може да има тешки и несакани ефекти.
И не на последно место, лекарот треба да знае какви други придружни лекови и витамини пие вашето дете. Лекарот точно знае кои лекови се компатибилни и ќе ви ги препише вистинските витамини кои ќе им бидат прифатливи на останатите лекови.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...