|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Гордана Раденковиќ @mama.of.princess.matea

Марина Кљајиќ Петковски, 13.4.2021
Еден од најпопуларните креативни Инстаграм профили е профилот @mama.of.princess.matea. Профил кој годинава беше номиниран за најинспиративен родителски профил. Истиот го одржува Гордана Раденковиќ, мајката на Матеа

image
/11


 

За неа мајка и вели - " Матеа е многу темпераментно и дружељубиво дете, една мала итрица што го промени и разубаве мојот живот и  незаменлив партнер во создавањето на креативни фотографии". 
Матеа веќе еден месец оди во градинка и од прв ден одлично ги прифатила двете учителки, за кои Гордана вели, се навистина создадени за таа работа.
Од малкуто слободно време кое помеѓу обврските со Матеа и работата и останува на Гордана, успеа да одвои за разговор со Рингераја.


Рингераја: Која е мајката на принцезата Матеа? 

Гордана: Јас сум Гордана, живеам и работам во Скопје. Сопруга и мајка се двете улоги што ме исполнуваат и ме прават среќна. Секој слободен миг задолжително го поминувам со Матеа, креативните фотографии се наша честа активност од нејзиното раѓање, уживаме во заедничките игри и прошетки во природа без кои не ни поминува ниту еден ден. 

 

Рингераја: Колку време постои профилот и дали тогаш имаше замисла да изгледа вака како што изгледа?

Гордана: Профилот постои од 2013 година, тоа е мојот личен профил кој речиси и не го користев, а кога се роди Матеа имав желба секој месец од нејзиното раѓање да го одбележам со креативна фотографија но никогаш не ни помислив дека ќе изгледа вака.

 

 

Рингераја: Профилот изобилува со преубави, креативни фотографии со Матеа од раѓање. Колку труд вложуваш во создавање на сцената, фотографирање, едитирање, постирање? 

Гордана: Благодарам на убавите зборови, многу ми значи. Во сите фотографии е вложен голем труд за да изгледаат така, јас ја местам сцената, а во цела оваа приказна е вклучен и мојот сопруг кој е задолжен за фотографирање и едитирање пред да ги објавам фотографиите што ми е од голема помош. Секоја фотографија зад себе крие еден цел процес, од потрага по ткаенини до моментот на објавување некогаш поминуваат и по неколку дена. 

Рингераја: Соработува ли Матеа? Која ти е најмила фотографија, а која Ви зададе најмногу мака?

Гордана: Можеби изгледа лесно но верувајте воопшто не е лесно да најдете време да наместите цела сцена за сликање и да се погоди момент мало дете да сака да соработува и да се направат убави фотографии. Од самиот почеток на ова сите тројца гледаме како забава во која треба сите да уживаме, пееме песнички додека се фотографираме и забавно е. За разлика од сега додека беше помала Матеа беше полесно, во последните неколку месеци прво ја прашувам дали сака мама да намести приказна на креветот затоа што сцените за некои фотографии ги местам со часови, а се случувало и да ја местам истата сцена неколку дена ако Матеа не е расположена да се слика, па ако не сака оставам за друг ден. Но вреди секој вложен труд затоа што создаваме моменти вредни за паметење. Сепак е нешто во кое треба да уживаме сите и не се прави на сила. Сите фотографии имаат посебна приказна и мене ми се многу драги, па ве оставам вас да одберете ваша омилена. 

Рингераја: Кажи ни нешто за твоето искуство во бременост, породување, доење... 

Гордана: Уфф... имав многу тешка и неизвесна бременост од самиот почеток. Беше тоа период исполнет со измешани чувства, страв, среќа, несигурност поради претходно поминат тежок период... Пред оваа бременост го поминав можеби најстресниот и најболниот период за една мајка и едноставно ми беше страв да кажам дека сум бремена и да објавам фотографија со стомачето кое расте како што тоа го прават повеќето трудници затоа што беше навистина комплицирано. Непосредно пред бременоста имав среќа да го запознаам докторот кој ми ја водеше цела бременост од самиот почеток, човекот кој безрезервно се вложи во сите критични моменти од мојата бременост, а ги имаше доста. Едноставно јас сум му неизмерно благодарна што благодарение на неговата стручност и посветеност ја добив Матеа и денес имам кој да ме вика мамо. Но колку што мојата бременост беше тешка толку моето породување беше лесно како на филм. Се породив многу брзо и многу лесно дури и не приметив дека не ми ставија никаква анестезија. А кога ми ја дадоа да ја гушнам не можев да поверувам дека во раце го имам моето бебенце. Додека бевме во болница ми помогнаа околу целосната нега за Матеа и ги добив сите потребни информации и обуки кои се од особена важност доколку станувате мајка за прв пат. По неколку дена поминати во болница си дојдовме дома и започнавме едно ново поглавје од нашата приказна. Моето бебе не сакаше да цица и покрај сите обиди од моја страна и од страна на персоналот во болницата во која се породив, а имаше силна реакција на адаптирано млеко, па единствен избор беше измолзено мајчино млеко. Воопшто не беше лесно но вредеше и така растевме до наполнета една година. 

Рингераја: Растење на мало дете во време на пандемија е голем предизвик. Како се одразува состојбата на вас?

Гордана: Едвај чекав да му се вратам на нормалниот живот и секојдневните работни обврски затоа што долго време бев дома но се соочивме со пандемија. Само што мислев дека ќе заврши мојот домашен карантин кој започна уште од почетокот на мојата бременост се појави нов кој уште трае. Тешко е за сите и за децата и за возрасните. Ми недостига дружбата со роднините и пријателите, ми недостига Матеа да расте опкружена со многу луѓе и другарчиња со кои ќе може безгрижно да си игра, да можеме да одиме каде и да посакаме, да се движиме слободно. Едноставно светот како да застана. Искрено се надевам дека во скоро време цела оваа ситуација ќе заврши, ќе ја оставиме зад нас и ќе надополниме сè што пропуштивме во изминатиот период.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
5
Совршена лазања торта
Лазања тортата е нешто што ќе го обожавате оваа зима!
5
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Тетка – засолниште за детската душа!
Кој немал тетка, немал среќа да поседува неизмерно богатство собрано во една личност. Тетката е секогаш извонредна жена,...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?