vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Значи ова е тоа што ме вади од такт. Фактот што никогаш не можам да ја напуштам куќата, за да завршам некоја кратка задача, без моите деца да се однесуваат како никогаш повеќе да не се враќам дома:
- Сакам да идам со тебе мамо.
- Зошто не може да идам?
- САКАМ ДА ОДАМ СО МАМААААААА!!!!!
Кога се враќам, ги гледам лицата на децата притиснати на прозорецот и сите хистерично плачат. Вие ова сериозно?! Зошто сакате да дојдете со мене? Зарем не ви се гади од мене? Не бев баш премногу добра со вас денес.
Еве што сакам. Сакам да одам во маркет и да купам колачиња за вас, кои нема да ги изедете пред да ги платам. Сакам да не се расправам зошто не сум купила уште една кутија повеќе колачи или да не ме погодите во Ахиловата пета 5000 пати, пред да ве качам сите во количката за пазарење. Сакам да го прошетам маркетот во апсолутен мир гледајќи во се и сешто, планирајќи што да купам, или едноставмно трошејќи го времето, без да посакам да си одам дома сега и веднаш. Сакам да НЕ ви го дадам мојот iPhone да гледате видеа, за да можам да пазарам на раат. Дали ја разбирате осудата од другите луѓе во маркетот кои никако не ги разбираат моите шопинг методи? Дали ви е галје? Не, секако дека не. Затоа што сте себични.
Еве што друго не разбирам. Имате татко кој ве сака со целото свое срце. Тој е татко каков што може да се сретне само во картичките од Денот на татковците. Секако, тој работи многу, но кога е дома, генерално сака да биде со вас. Јас не можам да го кажам истото. Дали знаете како се чувствува вашиот татко кога вие ќе кажете дека повеќе би сакале да одите со мајка ви, која со вас го поминала ЦЕЛИОТ ден, отколку да имате малку квалитетно време со него?
Моите деца би поминале пешки три километри низ најголема снежна бура, без капут, би го прашале татко им 6000 пати каде е мама, за кога ќе ме најдат да ми кажат дека немаат што да ми кажат.
Би можела да се сокријам во најтемниот агол од нашиот подрум и да ме најдат за три секунди, за да ми кажат дека им се мочка.
- Тато, каде е мама?
- Тато, каде е мама? Каде е мама?!!!
- МАМООООООООО!!!!
Преземено: ScaryMommy
6
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја подобрува плодноста кај жените?
Женската плодност зависи од повеќе фактори како возраста, овулацијата,...
Дали слабеењето или дебелеењето влијаат на овулацијата?
Значајните промени во телесната тежина можат да влијаат врз овулацијат...
Како се менува должината на бебето?
Растењето на бебето е постепен процес. Од мала ембрионална структура, ...
1, 2, 3 деца. Kако расте мајчинството?
Секое дете носи нова љубов, но и нова динамика во семејството. ...
Зошто температурата се менува во текот на циклусот?
Телесната температура може малку да се менува во текот на менструалнио...