namesp во 10:11
Енааа: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 4.4.2011
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: Енааа
Датум на породување: 16.07.2010 година
Тип на породување: природно
Болница:
На секоја идна мамичка и посакувам породување какво што имав јас, но да почнам од почеток.
Откако дознав дека сум бремена, почнав да ги бројам деновите до предвидениот термин за породување, а тоа беше 11 јули 2010. Имав прекрасна бременост. Првите 3 месеци со малку гадење, а следните 2 тромесечја се чувствував многу убаво, среќно и исполнето. Воопшто немав страв од чинот на раѓање, иако слушнав најразлични приказни за тоа колку било страшно и колку болело. Јас едноставно со нетрпение чекав да се случи и со такви мисли бев до самиот крај.
Влегов во 9-ти месец, што да ви кажам, огромна со 26 кила плус на мене. Лето, топло, не се издржува. Дојде 11-ти јули а моево сонченце нема абер од излегување. Ајде секој ден одење на ЦТГ дури по 2 пати во денот. На последното ЦТГ на 15ти јули, докторот ми вика: Ти уште една недела нема да се породиш, дојди во понеделник ( а тоа беше четврток). Јас си отидов дома, па со маж ми на прошетка, си дојдов дома и си ја преспав цела ноќ.
06:15 мин. бидејќи беше многу топло И вечерта спиевме со клима, станав да ја исклучам и се вратив повторно во кревет. Само што легнав почувствував некоја болка високо во пределот кај стомакот. Бидејќи не ги знаев болките, си се свртев на другата страна и повторно ја почувствував истата болка. Станав да отидам до дневната соба и пак истата болка. Многу се израдував, знаев дека денес ќе се породам. Тргнав кон бањата да се средам за на породување и ете ја истата болка пак. Болките се јавуваа на 3 минути одеднаш. Очекував дека ќе почнат од половина час па на се помалку време ќе се јавуваат. Како што сакав така и ми се случи. На маж ми му викам: Ајде стани јас ќе се породам денес.
Едвај го издржав патот до болница, прво ми го направија контролното ЦТГ за да видат дали се вистински болките. Сестрата беше зачудена како за прворотка сум ги издржала болките да дојдат на 2 минути. Кога и кажав дека веднаш на 3 минути се јавија ми рече дека сум една од посреќните родилки. Во ходникот се испративме со маж ми, се изгушкавме и јас без ни малку страв со болки тргнав да си го родам моето ќеркиче.
Болките навистина беа неиздржливи, но со правилно дишење се контролирав и мислев само на моето дете. Следеа уште низа ЦТГ прегледи, во меѓувреме ми го пукнаа водењакот и болките станаа уште понеподносливи.
Во породилната сала не било така страшно како што изгледа на филмовите. Немаше еден куп доктори и луѓе околу мене, баш беше релаксирано. Болките беа на 10 секунди ( фати, пушти) Најбитно беше што ги слушав инструкциите на докторот. Пред крајот докторот ми рече дека ќе ја добијам најсилната болка И тогаш најсилно да напнам. Ми стави провокација и КОНЕЧНО во 11:10 како да се отцепи нешто од мене, нема веќе болки. Го видов моето ангелче, дојде на свет, станав мајка. Плачев од голема среќа.
Господ беше со мене во тие тешки момент и ми даде жива и здрава ќерка. ЕВА е мојата среќа, мојот живот и мојата гордост.
Секоја жена да дочека да стане мајка и да види колку е тоа најпрекрасно чувство што не може да се опише!
Рингераја и посакува среќно детство на Ева !
Топ 10 породилни приказни
nadica: Мојата породилна приказна
Anushka: Мојата породилна приказна
Тања: Мојата породилна приказна
kikicka: Мојата породилна приказна
cecka: Мојата породилна приказна
ananikol: Мојата породилна приказна
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
мичо: Мојата породилна приказна
Ели: Мојата породилна приказна
Palce: Мојата породилна приказна
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Глетката на крв никогаш не е добредојдена кога сте бремени. Факт е дека крварењето во бременоста е доста честа појава, о...

Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
