|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

*Elena*: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 30.4.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: *Elena*

Датум на породување: 10.12.2011  година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Терминот ми беше на 30.11.2011, но јас веќе после мојата 37 недела бев спремна и нестрплива за да го видам човечето што растеше во мене.

На прегледот ми кажаа дека сум отворена 2 прста и грлото на матката ми е скратено, и кај и да е ќе биде чинот на породување. Арно ама моите постојано ми кажуваа дека најверојатно ќе го надносам, бидејки знаевме дека е машко, а машките се надносувале. Така и бидна. Со полна 41 недела од бременоста, бев на редовен преглед во ГАК, точно на 8ми декември. Беше празник, Св.Климент Охридски, и како и по обичај ЦТГ-то не покажа никакви контракции. Ме прегледа др.Војника, и ми рече дека плодовата вода е намалена и нема повеќе слободни џебови и дека е време да се преземе нешто. Бидејки беше сабајле, ми рекоа да се вратам вечерта во 20 часот на повторен преглед, со можност да ме задржат. Така си го поминав цел ден со паметот дека тоа е тоа и дека од вечер останувам во болница. Си се спакував и во 20 часот бев во ГАК. Ме прегледаа, контракции повторно немаше, но ме задржаа на одделението за патолошка бременост со план следниот ден да примам некаква провокација. И така беше, ноќта едвај ја преспав и после визитата на докторите околу 11 часот на 09.12.2011 примив некаква провокација, поради која морав да лежам во кревет цели 4 часа и секој час ме ставаа на ЦТГ. Повторно немаше вистински контракции.

Си го поминав денот шетајќи низ болница во очекување да се случи нешто, и на крај некаде околу 21 часот се слушнав со моите и им кажав дека ништо не биднува и дека сум многу изморена и ќе си легнам. Собата во која претходно бев сама почна да се полни со трудници кои почнаа да муабетат и толку беше од спиењето. Арно ама некаде после 23 часот, осетив како нешто ми пукна (прсна), не можам да го опишам чувството, станав и наеднаш почна да тече вода од мене т.е ми пукна водењакот...И конечно тоа беше тоа, од овој момент се беше толку брзо и наеднаш, контракциите почнаа веднаш на 2 минути, беа толку многу болни, што не можев ни да стојам, ни да седам, а камо ли да лежам, шетав, да не речам трчав низ ходниците во болница за да ги издржам болките и постојано се трудев да дишам правилно и да не мислам толку на болките. Толку брзо се отварав што не ми веруваа сестрите, ми викаа иди таму во соба, првородка си, ќе чекаш до 5 часот сабајле. Меѓутоа, болките беа неиздржливи и повикав доктор да ме прегледа. Кога ме виде бев веке 6 прста отворена, ме качија горе во породилните сали, ме прегледаа и ми дадоа по некоја инфузија. Имав многу силни нагони, ме ставија на бокс и најлесното дојде, со три напнувања, точно во 02:50 часот на свет дојде едно убаво машко бебе со 3480 грама и 53 цм, кое штом го извадија почна да гуга...3 часа после пораѓајот ми го донесоа и од тогаш си гугаме и сме неразделни.

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на синчето на *Elena* !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои можат да помогнат во намалување на прекумерниот раст ...
22
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Дали сексот во бременоста може да индуцира...
Ако го достигнете крајниот термин, сексот може да биде билет за породување. Еве што треба да знаете за сексот и индукциј...
4
Со орален секс против утрински мачнини?!
Иако се чини како тврдење кое го измислиле мажите желни за секс, потврдено е дека оралниот секс ги лечи утринските мачни...
4




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?