|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Деветте кругови на пеколот на мајките

Sarah Harris, 7.5.2021
Во својата поема Пекол, Данте Алигиери патува низ деветте одделни кругови на човечкото страдање на неговото патување кон духовно спасение. Јас не сум некој голем италијански поет, нити сум во мисија да ја спасам својата душа, но сум мајка на три деца

image
/11


 

Всушност, јас не сум го ни читала Пеколот, кој е дел од епопејата Боженствена комедија, но имам три деца. Откако станав мајка научив дека мајчинството е божествена работа и често е комедија...и да, постои и страдање. Ооо да, постои страдање. Мислам, ако Данте бил мајка неговите девет кругови на пеколот може да изгледаа малку различни, но не помалку страшни.

 

Во првиот круг од пеколот, мајката со матни очи се извлекува од креветот во темното и студено утро, бидејќи на малото ѕверче му се мочка. Но откако ќе се измочка сака да игра и да јаде. Одма! Тогаш мама си вари кафе, кое ќе и помогне да го разбере животот во овие ситни саати, но за брзо ќе сфати дека кафето се изладило. Ќе се обиде да си свари ново но за жал, во пеколот на мама, кафето секогаш се движи од млако до камен ладно.

Вториот круг од пеколот е соба со врати од сите страни. Од првата врата доаѓа универзалниот сигнал, кој мајките ги прекинува во работата и гласи:”Дојди да ме избришееееш!”. Откако мама ќе ја заврши својата должност, таа се враќа во удобниот кауч во тркалезната соба. Пред да седне, слуша друг повик од другата врата: “Сакам водаааааа”. Ова продолжува се додека не му се помогне на секое дете, зад секоја врата. И секако, бидејќи просторијата е тркалезна, а мајката веќе завртила еден круг, детето од врата број еден повторно бара помош. И така мама цел ден се врти во круг.

Замислете си монах, кој целиот свој живот го поминува на врвот на една планина, сам, во постојана медитација. Во третиот круг на пеколот на мама, страдањето на мама е како на монахот на врвот на планината. Единствената разлика е во тоа што мајката не е сама, туку има дете кое постојано сака да разговара со неа. И наместо да медитира, таа е принудена да слуша како едно седумгодишно дете со пискав и хистеричен глас вика на неговиот помал брат и притоа го разбудува и бебето.

Постои голема трпезариска маса во центарот на четвртиот круг од пеколот на мама. Мајката пазарува, подготвува и служи здрава храна, на масата полна со деца. По презентацијата на нејзиното кулинарско уметничко дело, секое дете почнува да плаче: ”Јас не сакам да јадам од тоа!”. Мајката немоќна седнува и слуша како сите во хор изговараат: “Колку залаци мора да каснам?”. Пред мама да успее да ја земе својата вилушка и да почне да јаде, хорот почнува со неартикулирано пеење: “Сакам кечап”,   “Имаме уште леб?”, “Ми се истури млекото”,  “Неговата чинија е премногу блиску до мојата, уууееееее”,  “Ми требаат уште салфетки”,  “Јас се најадов, што има за десерт?”...и така, се до вечноста.

Во петтиот круг, мама стои сама во толку голема соба, што тешко е да се види каде завршува. Таа стои на прекрасен дрвен под со темно-кафеава боја, направен од рекултивирано дрво полно со прекрасни јазли и бразди. Таа знае дека мора да помине цела вечност во чистење, за да го одржи овој прекрасен под чист. Одеднаш, од зад неа слуша џагор. Се врти и гледа група на диви деца како трчаат кон неа.  Во неможност да ги запре, таа забележува хорор на подот, кој тече од отворените темперни бои, со кои децата мавтаат наоколу.

Шестиот круг од пеколот на мама е распространет на топлиот и удобен кревет наменет за одмор на мама. И токму кога очите ќе се склопат, некој ќе ве допре по рамото и ќе слушнете глас кој бара вода, ќе слушнете за долната облека која стега, пижами во кои е премногу жешко, ќе побараат од вас да проверите дали во плакарот има чудовиште, па дека ги измешале перниците, дека сакаат да им ги соблечете чорапите, да запеете песничка  и да направите магија за змејот да исчезне од главата. И ако постојаното будење не беше доволна тортура за мајката, таа е принудена да го слуша грчењето на партнерот кој воопшто не се ни помрдна цела ноќ и кој слатко и без прекини си нанкаше.

Седмиот круг од пеколот на мама е соба полна со мајки. Некоја оди на работа, некоја останува дома со своите деца, една го дои бебето, друга користи формула. Една мајка се залага за вакцинација, а детето од другата има сипаници. Постои мајка која постојано става слики од роденденот на детето на социјалните мрежи, мајка која сака да прави роденден дома и мајка која мисли дека роденденските забави се преценети. Тука е и вегетаријанската, анти-ГМО органска мајка и мајка која му дава готови оброци на детето. Постои мајка која не сака со никого да комуницира и мајка која комуницира со сите освен со своите 3 деца. Една мајка раскажува приказни, друга му кажува на детето дека Дедо Мраз не постои, додека тоа плаче. Секоја мајка знае дека е во право и дека го направила најдобриот избор за своето семејство и верува дека нејзина работа е да ги убеди другите дека е во право.

Постојат 3 деца од 4-8 годишна возраст во осмиот круг од пеколот на мама, кои сакаат да пеат караоке на еден микрофон во исто време, на различна песна.

Деветтиот круг од пеколот на мама е навистина  страшно место. Кој преживеал може да ја раскаже. Во најдлабоката и најмрачна јама на Данте, мама е возач со дете во раце и со ученик врзан во столче на задното седиште. Автомобилот е во густ сообраќај во непознат град. Бебето во раце почнува да цимоли. Мама не знае дали да оди лево или десно, автомобилите зад неа нервозно свират и таа почнува да плаче. Станува хистерична. Детето назад е гладно, мрази да седи врзано во столчето, бидејќи патувањето е долго. Мајката мора да издржи и трезвено да размислува сега. Малото бебе плаче, а детето назад се нервира од неговиот плач и вреска. Мајката почнува да се препотува. Бидејќи бебето плаче од глад, на мајката почнува да и тече млеко од градите. Бебето плаче толку многу што станува светло-црвено и нема солзи. Мајката почнува да плаче бидејќи чувствува вина што ги стави своите деца во овој хорор.  Автомобилот продолжува да вози, но се чини дека не оди никаде. Мајката се поти и од градите и тече млеко. Хистеричното плачење на бебето не завршува.

Данте мораше фигуративно да патува низ пеколот за на крајот да го најде својот мир, на крајот од своето патување. Поентата на Данте мама е...дека мораме да ги преживееме неизбежните моменти на страдање, за да станеме посилни мајки. Тоа ќе не направи подготвени и со поголема страст да уживаме во добрите денови, кои секогаш доаѓаат по најмрачните ноќи на мајчинството.

И за крај, уживајте во мајчинството, бидејќи деновите се долги, а годините кратки. Или барем така велат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Не сакам, не може, не давам...
Една фаза во детскиот развој се вика – фаза на негативизам, бидејќи тогаш детскиот негативен став е најизразен.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?