vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Да летам
Да полетам
И таму, каде што беше невозможно,
и таму, каде што беше непознато
и таму, каде што беше неверојатно, фантастично.
Ги најдов крилјата. Ги чувствувам,
ги чувствувам толку цврсто,
толку силно,
исто како птиците кои летаат.
Со чувство дека го допираш светот со дланка,
со чувство дека го гледаш секој агол од овој свет.
И леташ, леташ...
невидливо, недопирливо, неразбирливо...
толку цврсто и сигурно бескрајно,
без да го допреш дното
да те запре.
Да нема крај.
Леташ од душата,
со силно биење на срцето
и ниту тронка од воздишките
кои ти навираат, ти доаѓаат.
Летам, летам до бесконечноста
со душата
во она што се вика живот.
Живот без дно во бесмртноста.
Летам од љубов,
со љубов, кон бесконечноста
која нема граници,
не познава препреки
и не знае за црно и бело,
толку чиста и бистра,
како солза, која продира од душата,
од срцето
и ти дава крилја да леташ
и да допираш до бескрајот,
до бесмртноста.
Летам...
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Страв од непознатото во бременоста
Бременоста е еден од највозбудливите периоди во животот, но истовремен...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
Како да ги направите тренинзите за сила помалку досадни
Тренинзите за сила се одлични за зајакнување на мускулите, подобрување...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...