vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Учителката во основно училиште им дала на своите ученици задача да напишат есеј за тоа што би сакале Бог да им направи. На крајот на денот, кога ги оценувала есеите, причитала еден, кој ја расплакал.
Нејзиниот маж кој тогаш си дошол дома, ја видел расплакана и ја прашал: “Што се случило?” Таа му одговорила: “Прочитај го ова, тоа е есеј на еден од моите ученици.”
“Мили Боже, вечерва те молам да ми направиш нешто многу посебно. Направи да станам телевизор. Сакам да го заземам неговото место и да живеам како телевизор во мојата куќа.
Сакам да имам свое посебно место и семејството да се собира околу мене. Сакам да ме сфаќаат сериозно кога зборувам. Сакам да бидам центар на внимание и да ме слушаат без прекин. Сакам да бидам во друштво на својот татко кога ќе си дојде од работа, дури и кога е уморен. Сакам мајка ми да ме слуша дури и кога е нервозна, наместо да ме игнорира. Сакам моите браќа да се борат за да бидат со мене. Сакам да почувствувам како моето семејство остава се настрана, само за да поминува време со мене. И на крајот, не помалку важно, сакам да ги направам среќни и да ги забавувам.
Боже, не барам премногу, сакам само да бидам телевизор.”
Во тој момент мажот рекол: “О Боже мој, кутрото дете. Какви грозни родители има.”
Жената го погледнала и му рекла: “Овој есеј го напиша нашата ќерка.”
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...