namesp во 10:12
Блог: Што ми недостасува откако децата пораснаа?
Редакција Рингераја, 18.11.2020Улогата на мајка е една од најтешките но и најубавите кои животот и ги овозможува на една жена.
Доколку си тазе мајка, на која деновите и се хаотични а ноќите неспани и долги, ќе ти кажам само едно - не очајувај! - Баш напротив, уживај, зошто очајот ќе те стигне еден ден кога сето тоа ќе заврши...
Еден ден, се ќе заврши... Вечната утеха која си ја даваме во тешките моменти. Но она што никој не го нагласува е дека ќе заврши и она другото, она убавото.
А како мајка со десет годишен стаж и три деца, можам да ти кажам што е она што ќе ти недостига откако ќе заврши.
Сега, додека го пишувам ова и пијам од врелото кафе, додека трите деца се зафатени секое во своето - едното на онлајн час, другото на групен видео повик со другарчињата а третото задлабочено во својата самостојна игра, замижувам, длабоко земам воздух, ја бришам солзата која се слева и очајно посакувам некој да ме прекине со добро познатото "мамооо", да побара некаква помош, да бара да правиме нешто заедно, да поставува прашања на кои сум одговорила по сто пати, па да заборавам дека сум сварила кафе и да го пијам како некогаш изладено, па дури и да го бришам од подот откако завршило истурено под немирната, залетана топка.
Ми недостига времето во кое на неколку места и во секоја торба имаше пелени, марамици и бебешка крема. Ми недостига кујната да биде полна со бебешки шишенца, цуцли, чинивчиња, лажички и шкафчињата кои изгледаа како рафт од маркет со бебешки производи.
Ми недостига туширањето во кое секогаш ми правеа друштво заборавените играчки од бањање и посегнувањето по нивниот шампон за да не им мириса тешко мојот.
Неспаните, кенкави ноќи предизвикани од грчеви, никнување запчиња, настинки, сипаници, реакции од вакцина... биле благослов, чин на најдлабока родителска грижа, сеќавања кои будат нежност.
Ми недостигаат вечерите во кои откако сум ја добила битката и ги оставам заспани во полумракот, нагазувам на лего коцка и ја проголтувам болката за да не ги разбудам. Ми недостигаат пладневните дремки во кои сум заспала со нив заспани во прегратка.
Ми недостигаат нивните мали рачиња, нивното бебешко гугање, слатките детски зборчиња, првите несигурни чекорчиња, парчињата храна на хранилката и околу неа. Ми недостасува времето во кое хит ни беше Baby shark. Ох, колку ми недостасува таа мелодија која едно време ми одеше на нерви.
Се би дала за уште една неспана ноќ, за уште еден момент на доење, за уште еден "стрес" наречен вакцина, никнување заби, менување пелена, бањање со плачки, стерилизирање шишенца, исфлекани лигавчиња, ишкртани ѕидови, ноќите во кои се туркаа до нас во нашиот кревет ..
Еден ден се ќе заврши.
Ќе останат само спомените, сеќавањата, насмевките кои истите ги будат... Ќе живее само носталгијата по тие денови. А солзите секогаш одново ќе се слеваат.
И уште ова - знај дека и вишокот килограми ќе го снема. И болните гради ќе оздрават.
Но верувај, и тоа ќе ти недостига!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Децата исто како и возрасните се изложени на стрес и затоа пожелно е навреме да учат како да се справуваат со него. Ринг...

Розеола е акутна болест на доенчиња и мали деца што е проследена со висока температура и осип на кожата

Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Никола...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
