|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Балкански родителски лекции

Редакција Рингераја, 26.2.2018
Ако детето случајно падне, удри го за следниот пат да внимава?!
Клучни зборови:

image
/11


Една мајка од Србија ја добила идејата да напише текст откако во ист ден присуствувала на две ситуации од животот на обичен српски родител - посета на пазар, а истиот ден многу подоцна и Институт за мајка и дете. Лекциите се однесуваат и на родителите од било која земја од Балканот.

Дали навистина треба да се постапува вака, одлучете сами.


Педагошка лекција 1 - Ако не ме држиш за рака, некој ќе те украде! 

Мајката се наоѓа на пазар, купува некаква пластика, држејќи го детето за рака. Детето, секако, нетрпеливо, тупка, се трга, заминува на соседната тезга кадешто нешто му е поинтересно. И, како тогаш мајката да го смири детето и да биде сигурна дека ќе остане со неа цело време? Па, така што ќе рече: „Не ми се тргај! Сакаш некој да те украде? Ова е пазар, сешто се краде овде!“ Убаво, мајко, па утре кога ќе тргнеш во трговски центар, на пазар, на кеј, ти запрашај се зошто детето се плаши од метеж и непознати луѓе, кога не си го научила на тоа. Во коренот на сите балкански дисциплини е стравот! Заплаши го детето за да те слуша! Со вештерки, полицајци, непознати луѓе, со било што. Добро е и децата малку да се плашат... 

Педагошка лекција 2 - Ќе останеш овде засекогаш! 

Ова не ми е ни малку симпатично. Секој кој со детето завршил на Институт за мајка и дете, знае што го чека таму - метеж и неорганизираност. Но, за тоа некој друг пат. Стигнавме пола час по полноќ, со детето кое има температура речиси 40. Како и на сите пред нас, ни бараат да извадиме крв и да земеме урина за преглед. Додека се мачиме да го ставиме оној несреќно направен сад за урина, слушам татко како шета со ќерката од две или три години и ? вели: „Ако сакаш да одиш дома, мора да мочкаш! Ако не мочкаш, ќе останеш овде засекогаш!“ Има ли потреба да се објаснува бесмисленоста на ваквите родителски закани? Како би требало да се чувствува детето чиј сопствен родител се заканува дека засекогаш ќе остане во болница? Но, тоа е за негово добро... 

Педагошка лекција 3 - Нема да ручаш? Е, тогаш ќе те дадам на мечката! 

Ова сум го доживеала лично во моето семејство. Метод со кој бабата го убедува моето дете да јаде! Класично негување на себичноста која сите во себе ја носиме. Ако ти не сакаш да јадеш, јас ќе те дадам на мечката, а за мечката да не добие ништо, детето побрзо ќе изеде сè. После ќе се прашуваат зошто ништо не сакаат да делат со братот кој уште е на пат... 

Педагошка лекција 4 - Кај си се удрил? Во дрво? Еве мама го тепа дрвото! 

Дали е потребно дополнително да се објаснува? Кога детето по сопствена грешка или невнимание се удри, ти удри по тоа што го удрило. Зошто тогаш и да не се удри по децата со кои се сретнува на училиште? Во што е разликата? 

Педагошка лекција 5 - Не се врти во круг! Ќе ти се заврти во главата! Не го допирај тоа, валкано е! Не се качувај, ќе паднеш! 

Секогаш се сеќавам на мојата тетка која живее во Швајцарија и која, кога ќе дојде овде, на своите деца им допушта буквално сè. Еднаш со свои очи видов како се вовлекува под киоск на автобуска станица, а таа не реагира. А, не знам дали децата биле болни во животот три пати. Добро, не велам дека треба да го пуштите детето да допира фрлени отпушоци, но каква врска има ако му се заврти во главата? Малку ќе го вежба центарот за рамнотежа. Па, што ако падне од скалата? Вие не сте паднале како деца? Ќе се качи пак и ќе научи дека понекогаш за да стигне до целта мора и да падне. 

Педагошка лекција 6 - Не знаеш ти тоа, дај ми мене. 

Нека се јави родителот кој не го рекол ова! Со ова „не знаеш ти“. Така типично, а така погрешно. Веројатно мислиме дека сè уште не е подготвен сам да стави сок во чашата, па чекаме да го научи тоа со магија, без ниту еднаш да го истури сокот... 

Педагошка лекција 7 - Твојата наставничка нема поим. Што е ова што ти го напишала? 

Ако родителот не го почитува наставникот, нема да го почитува ни детето. Ако детето не го почитува наставникот, нема да постигне добар резултат бидејќи нема доверба во оној кој го води низ школувањето. Затоа, што и да напишала/сторила/кажала наставничката (а замислете, и тие имаат право на грешка), никогаш не се сомневајте во нејзиниот авторитет пред детето. 

Педагошка лекција 8 - Ако веднаш не прекинеш, ќе го викнам татко ти! 

Детето кога го слуша ова, впрочем слуша: „Мама не ми може ништо, тато не е тука. Може да правам што сакам!“ Најбрзиот рецепт кој го користат мајките за да го уништат сопствениот авторитет над детето. Многу го прават тоа од незнаење, а не знам ниту една на која оваа закана ? дала некаков резултат. 


Педагошка лекција 9 - Ако детето случајно падне, удри го за следниот пат да внимава

Ваква ситуација јас лично видови и иако мислев дека тоа повеќе никој не го прави - згрешив. Семејство, наизглед нормално, со две деца, едното 6 или 7, а другото 2 години. Слегуваат по скалите, на излегување од хотелот. Постарото момче се загледа во нешто, се лизна и падна. Таткото веднаш го подигнува, и јас го очекувам прашањето: „Дали си добро? Се повреди?“, а наместо тоа малиот добива неколку удари по главата од таткото и карање од мајката. Верувам дека тие мислеа дека така ќе го научат следниот пат да внимава каде оди, но луѓе тоа е само дете кое дошло на одмор, се' му е ново и интересно, сака се' да види. Што е чудно што не внимавало каде оди? Што, возрасните не паѓаат по скалите?

Педагошка лекција 10 - Ако не престанеш да плачеш...

Е ова е стварно вистинско чудо. Замислете, дете кое плаче. Со закон треба да се забрани. Посебно ако на родителите не им е јасно зошто детето плаче и ако тие мислат дека причината е глупава. Тогаш или ќотек за да знае зошто плаче или закана во стилот: „Ќе дојде една баба и ќе те одведе во торба“ или „Го гледаш она кучето? Ако не се смириш, ќе те касне!“.

Педагошка лекција 11 - Ако не изедеш се' од чинијата, нема... (нешто што детето го сака)


Во оваа замка и самата паднав, признавам. Иако знам колку е глупаво да се уценува дете за да јаде, но понекогаш се чувствувам беспомошно. Мислам дека за нашата нација е особено важно детето добро да јаде, да не биде слабо, бидејќи дебелината е знак за здравје. Секако дека ова не е точно, и кога би се ослободиле од овој притисок дека детето мора да изеде се'. Кога би им ја укинале нездравата храна, сигурна сум дека децата би јаделе без закани.

Педагошка лекција 12 - Јади леб!

Навистина, еве навистина не знам, некој нека ми објасни ве молам - ЗОШТО? Зошто детето мора да јаде леб? Децата повеќе сакаат да го изедат овој оброк без нездравиот леб кој носи само нездраво чувство на ситост. Оставете ги побогу! Утре кога ќе имаат вишок килограми поради истиот тој леб и навика да го јадат и со супа, ќе се прашувате каде сте згрешиле...

Педагошка лекција 13 - Споредба со другите деца (другари, браќа, сестри)

Кога нешто нема да го направите како што треба, кога не ви оди од рака, кога ќе погрешите, потребна ви е поддршка и некој да ве „турне“. Не ви е потребен некој кој со прст ќе покажува кој е подобар од вас. Така не се станува подобар, така се станува поуверен дека сите се подобри од вас и нема цел да се трудите...

Педагошка лекција 14 - Нема повеќе никогаш да...


Мислам дека не постои повеќе дете кое верува во оваа закана. Ако не го направиш тоа, нема повеќе никогаш да одиш во парк. Ако не изедеш се', нема повеќе никогаш да те носам на сладолед. мислам дека децата кога ќе го слушнат ова, во себе се смејат.

Педагошка лекција 15 - Ајде, одиме. Тргни веднаш. Не сакаш? Е добро, јас си одам, ти остани тука!

Најголемиот страв на едно дете е да биде оставено. А најчестото оружје на многу родители е да го злоупотреби овој страв. Тоа не е само лошо поигрување со стравот на детето туку и застарен начин родителите брзо, без многу педагогија да го добијат посакуваниот резултат.

Педагошка лекција 16 - За кого јас сето ова го правам?


Предизвикувањето на чувство на одговорност или вина кај детето затоа што вие мора да направите нешто за него ќе ви донесе - што точно? Освен огорченост и предизвикување на чувство кај детето дека подобро би било да не е родено... Верувајте, ниту едно дете нема да се замисли и да си рече себеси: „Гледаш како мама и тато се мачат, ај и јас да направам нешто...“

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
8
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
4
Магијата на првиот снег во детските очи
Снегот е за децата . За малите и љубопитни дечиња за кои зимата и снегот се најубавото и долгоочекуваното бело волшепст...
4
Те сакам...
Дневникот на nadica
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?