vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Бабите и дедовците имаат посебно место во срцата на малите деца, бидејќи во повеќето случаи им посветуваат многу внимание и им овозможуваат што што родителите не можат. Затоа децата ги сакаат на некој посебен начин. Во своите главчиња секое дете создава многу интересна слика за бабите и дедовците, а ние издвојуваме што тие рекле за нив.
- Бабата е жена која нема свои деца. Ги сака момчињата и девојчињата кои се деца на други луѓе. Дедото е исто така баба, само е човек. Тој оди на прошетка со момчињата, па разговараат за риболов и други работи.
- Бабите не мора ништо да работат, само идат во посета. Тие се стари па затоа не треба многу да трчаат и да скокаат. Но можат да не носат на пазар и мораат да имаат многу пари за да се возиме на воз.
- Кога баба ми шета со мене таа застанува и ги разгледува сите работи, како на пример, преубави лисја и гасеници. Никогаш не вели: да побрзаме! Бабите носат наочари и можат да си ги извадат забите.
- Бабите не мора да бидат многу паметни, само мора да ни одговорат на прашањата како: Зошто кучињата ги бркаат мачките? Каде му е главата на црвчето. Кога ни читаат бајки никогаш не прескокнуваат делови и никогаш не велат: Ова веќе го читавме.
- Сите треба да имаат баба бидејќи тие се единствените возрасни луѓе кои имаат слободно време за децата.
![]()
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...