vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
360 степени промена на светот, но и промена за мене.
Здраво на сите, јас сум Ивана мама на Адам.
Мојата прва бременост помина чиста 10ка. Чувство како и секогаш, но малку повеќе енергија. Моментот кога дознавме со сопругот дека ќе имаме нешто наше, нешто бесценето и највредно, мислам дека беше еден од најубавите. Очекувана бременост со оглед на тоа што бевме долго време во врска и една година во брак. Сопругот живее во Америка, додека не се среди документација, јас сум тука. Бременоста ја поминав повеќето време сама и мислам дека машки издржав. Моите блиски ме подготвуваа со милион и еден совет и како тие се чувствувале.

Очекувајќи и мене тоа да ми се случува, бременоста брзо ми помина. Никакви симптоми, освен мешето кое беше големо, но не многу. Уште во 12 недела докторот ми кажа дека носам машко. Сите беа уверени 100 проценти дека е женско, но бебуш ја послуша мама.
Од бременоста имам преубави спомени како и фотографии. Фотографиите од ултразвукот кој ни ги направи докторот се совршени. Како да ни даваше знак Адам уште од меше дека ќе биде фраер и шмекер кој ќе обожава да се фотографира.


Бременоста заврши така што мораше со царски, а јас не се бунев. Храбра сум и издржлива па така со огромна насмевка го прифатив тој факт и тадааам, родив храбро дете. Не сакам изговори, не прифаќам збор не можам, па така уште од 5тиот ден јас нормално се движев, фокусирана на Адам, не на белегот кој засекогаш ќе ме потсетува на нешто убаво. Не бев од оние мајки кои кукаат и лежат, велејќи дека ги боли и не можат да ги извршуваат обврските. Како новопечени родители и карантински денови, сами затворени дома по 5 дена со малечко бебе, ги поминавме најубавите моменти. Искуство за на век! Денес после 9 месеци, горда сум што успеав самата да подигнам дете, насмеано, весело, и помош од сопругот кој не може често да доаѓа поради состојбата со пандемијата. Не е лесно, но нема откажување. Горда сум што еден ден ќе му раскажувам на синот дека ги пробив сите стереотипи за царски рез и постпородилни депресии.
Вас, идни мамички ве охрабрувам, доколку е неизбежно и мора да биде царски, само насмевнете се и речете си во себе- Јас ова го можам за тебе дете мое!


3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...