vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Како си помина денес?
Покажете интерес за дневните обврски на вашето дете - така ќе го запознаете подобро, ќе научите што е возбудливо за него, што сака и што го загрижува. Обидете се да се фокусирате на позитивните работи што му се случуваат во текот на денот, но не ги испуштајте негативните настани и дискутирајте и споделувајте заедно.
-387942-500x334.jpg)
Што мислиш за ова?
Авторитетот на родителот не е изграден врз диктатура - нека детето ја искаже својата позиција за разни прашања. Покажете му дека неговото мислење е важно и дека секогаш сте подготвени да ги слушате неговите идеи и сугестии. Разговорот започнува со ова прашање.
Добра работа!
Децата сакаат да слушнат зборови како "Браво", "Добра работа", "Направи одлична работа". На овој начин, ги мотивирате да продолжат во истата позитивна насока што ја презеле. Меѓутоа, важно е да не обрнувате внимание на крајниот резултат туку на нивниот напор и трудољубивост.
-387944-500x0.jpg?1556125579939)
Верувам во тебе!
За да се изгради доверба меѓу вас, треба да му покажете на детето дека имате доверба во него и да го потсетите со зборови. Нека детето знае дека може да се потпре на вас и дека може да ви верува ако има проблем и сака да разговара за тоа. Секогаш ислушајте ја приказната целосно пред да извлечете заклучоци и да наметнете казни (ако е потребно).
Извини, не сум во право
Може да е тешко да си признаете, но ако сте погрешиле, морате да се извините. Запомнете дека така давате пример на детето како да постапува во слични ситуации - кога тоа ќе згреши.
Те сакам!
Секој ден, понекогаш дури и неколку пати, со причина и без, кога е во добро расположение, или пак гледате дека не му е денот - не се двоумете да му кажете на детето дека го сакате. Љубовта, грижата и вниманието се потребни за секое дете, за да расте среќно.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...