vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
За сите идни и сегашни родителите, ние се обидовме да составиме кратка листа која покажува како всушност се чувствува мајката која е на породилно отсуство и како ги поминува деновите.
Дневна рутина
Дневната рутина накратко може да се опише како породилно отуство. Храни, пери, смени пелена, готви, смени пелена, пери, играј си со тресалката, пак пери, шетај... Во такви околности, одењето на доктор за нормален преглед е нешто надвор од вообичаеното.
Нема распоред
Однадвор гледано, нема ништо подобро за мајката и бебето од тоа да се следи одреден распоред. И педијатрите го велат истото. Сепак, реалноста си прави сопствени прилагодувања на тие планови. Време е за спиење? Бебето плаче и не сака да заспие. Не сака да јаде. Не сака да лежи во количка за време на прошетката и вреска. Мајките можат само да го прифатат и да се прилагодат на променливото расположение на бебето.
Нема резултати од активностите
Зарем има нешто поубаво од чувството кога ќе правите нешто и ќе го постигнете тоа што го сакате? Новопечената мајка може само да сонува за такви постигнувања. Без оглед на тоа колку напорно се труди за семејството, тој резултат никогаш не е видлив. Таман ги средила играчките одеднаш магично тие повторно се насекаде низ собата. Цело утро перела и вечерта повторно сите облеки се измачкани со дамки.
Ниска самодоверба
Породилното отсуство влијае на кариерата, општествените кругови и телото. Најчесто е привремено, но новопечената мајка ова не го знае. Дали ќе може да се врати на работа? Кога? Дали ќе успее да се врати во форма? Дали ќе им биде интересна на нејзините слободни пријателки, бидејќи повеќе знае за доење и столица отколку за филмови и мода? Овие мисли се секогаш на нејзиниот ум и не влијаат добро на нејзината самодоверба.
Безусловна љубов
Уморот, досадната рутина и сомневањето во себе некако магично исчезнуваат во моментот кога бебенцето за првпат ќе се насмевне или ќе каже „Мамо“ или „те сакам“. Нека одат во бестрага сите тешкотии! Сакам уште едно дете!
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...