|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 работи кои “совршената мајка” не ги прави

Редакција Рингераја, 4.6.2014
Никој не е совршен, но изгледа сите мајки сакаат да бидат баш таа совршена мајка. Сигурно сте сретнале мајки кои обожаваат да готват и се им иде од рака, сите пари ги трошат само на децата и зборуваат како нивните деца се совршени...

image
/11


 

Ако не се пронаоѓате  во овој опис, тогаш сте исти како останатите 99% мајки од светот. Погледнете кои “гревови” не ги прави совршената мајка.

 

Мрази готвење

 

1


Никогаш нема да ја слушнете совршената мајка да зборува дека од готвење и е преку глава. Не, не, таа обожава да готви и исконски ужива во подготвување на здрави и совршени специјалитети за своите најмили. Кога ќе слушне дека некоја друга мајка не сака да готви, таа се згрозува.

 

Не сака да го дели креветот со децата

Совршената мајка сака да поминува време со децата секогаш – дури и кога спијат. И додека повеќето жени сакаат да бидат во кревет со партнерот, совршената мајка сака да биде со децата. Малите деца толку многу се превртуваат во текот на ноќта, што на нормален човек би му била поубаво да спие на под, но не и на совршената мајка.

 

Зборува и за нешто друго, освен за своите деца

Секако, оваа жена никогаш нема да ја слушнете да зборува за шминкање, гардероба, пријатели или роднини. Центар на нејзиниот свет се нејзините совршени деца, а таа ќе го искористи секој момент да зборува за тоа колку нејзините ангелчиња се совршени. Секако, секоја мајка ги сака своите деца, но ги согледува и нивните маани. Но, децата на совршената мајка се исто така совршени.

 

Троши пари на себе

 

2


Секако, оваа мајка е толку несебична, што не и е потреен фризер, маникир и секако облека. Таа смета дека е многу поважно да ги троши парите за потребите и хировите на детето. Обичната мајка ги става децата на прво место, но мисли и на своите потреби.

 

Оди на одмор без децата

Чувај Господе! Нејзе не и е јасно како некој би можел да ужива, ако децата не се тука. Опуштање и уживање на одмор за неа не е својствено.

 

Не е подготвена

Таа ја сфаќа својата улога на мајка сериозно и затоа никогаш нема да ја видите да побара марамчиња од некого, или да нема грицки во својата торба, во случај детето да огладни.

 

Не знае да сплете плетенка

 

3


Голем број мајки едноставно не знаат како на своите девојчиња да им исплетат плетенка и тоа е сосема во ред. На децата нема ништо да им недостасува ако немаат совршена фризура.

 

Мрази одење во парк

Ако мразите одење во парк со децата и одвај чекате да завршат со играње за да си одите дома, тоа е сосема во ред. Некои мајки уживаат во тоа, други мајки не поднесуваат паркови и досадни им се. Секако, совршената мајка обожава да оди во парк и да си игра со децата и не и е јасно како некој може да не ужива во тоа.

 

Се чувствува мрзоволно

И додека повеќето жени имаат денови кога не им се станува од кревет, совршената мајка не може да си го дозволи тој луксуз, бидејќи им е неопходна на децата. Бабите не знаат да се грижат за децата, па затоа оваа мајка е секогаш расположена и среќна, никогаш не е уморена и не мора да спие.

 

Има бебиситерка

На совршената мајка не и е потребна бебиситерка, бидејќи секој момент кој ќе го помине одвоена од своите деца – е изгубен.

 

Се разбира, совршена мајка  не постои.

Најважно од се е мајките да не се осудуваат меѓусебно колку едната е “лоша”, а другата “добра” мајка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
8
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?