Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Чекањето во ред, по големата колона автомобили и дава на жената многу време за размислување. Време е да размисли што ќе направи за вечера. Време е да размисли дали платила за часовите по јога. Време е да размисли кога соседите ќе почнат да се жалат, бидејќи неискосената трева премина и во нивниот двор. И за жал, време е да размисли и за неколку непријатни нешта: што ако падне авион од небото врз нејзиниот автомобил, оставајќи го сопругот да одгледува три девојчиња сам?
Постојат многу детали за кои се грижам. Кој ќе ги научи како правилно да се шминкаат? Кој ќе им каже дека часовите по јога се добри за менталното здравје? А што е со куќата? Кој ќе го промени освежувачот за воздух? Кој ќе промени батерија на часовникот?
За жал, сфатив дека мојот сопруг нема идеја што правам по цел ден, ниту пак го почитува тоа. Недобитните тикети не исчезнуваат сами од подот. Остатоците од оброците на масата не се истураат сами. Затоа подготвив листа од 10 работи, за да му помогнам, ако случајно треба да се вратам кај оној кој ме создаде. Можеби тие легално нема да држат вода, но се надевам дека ќе се спроведуваат.
Драг Ник,
Мораш да направиш сериозен обид за да ги натераш децата да јадат три пати на ден. Искуристи ги сите можни тактики. Поткупување со бонбони, заканување со испраќање на децата на поседок кај баба во село. Тоа е потешко отколку што можеш да замислиш, бидејќи нашите деца се исклучително пребирливи. Не мора сите оброци да им бидат избалансирани, но те молам, грицките и лименката со сок да не ги сметаш за оброк.
Миењето на заби не го сметаат за нешто задолжително. Два пати на ден СО ПАСТА ЗА ЗАБИ! Тука повторно ќе наидеш на отпор. Нека бидам проколната ако моите деца на факултет појдат со мостови во уста.
Додека сме на темата хигиена, бањај ги барем секој втор ден. Со сапун.
Косата мора да им биде исчешлана. Еднаш кога останав цел виденд со моите баба и дедо, мајка ми мораше да ми ја стрижи косата кога се вратив дома, бидејќи не се отплеткуваше. Одвреме навреме проверувај дали имаат вошки.
Кога ќе ти кажат дека мора да какаат, верувај им.
Секогаш ставај тоалетна хартија во WC-то.
Остави се', за да ги легнеш во кревет. Состаноци, преглед на доктор, природни катастрофи. Направи се што можеш за да им овозможиш да ги “одморат очите”. Запомни - филмот The Exorcist е базиран на вистинска приказна...на мало девојче кое не спиело доволно.
Сметки. Плаќај ги. Кога ја купувавме куќата, брокерот ја гледаше нашата кредитна историја и непријатно бев изненадена од сознанието како си ги плаќал сметките пред да се запознаеме. Те молам плаќај навреме и немој да го оцрниш мојот совршен кредитен углед. Или барем навреме плаќај ја струјата, за да избегнеш нашите деца да се бркаат со стаорци, кога ќе ги фрлаат остатоците од храна во мрак.
И за крај, претпоставувам дека некогаш ќе излезеш и можеби ќе закажеш средба со некоја жена. Запомни дека те гледам. Цело време. Секогаш. Ох, какви беа тие гласови кои доаѓаат од плакарот? - ќе рече таа. А ти ќе знаеш дека сум јас. Стојам таму. Гледам. Ја осудувам. Те молам не обрнувај внимание на тоа и оди напред.
Те сакам.
Жена ти.
Преземено: Scary Mommy
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...