Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Речиси нема жена која ќе ви каже дека секоја бременост и била идентична, поради што може да заклучиме дека нивната „тежина“ во голема мера зависи и од другите фактори.
Во тој контекст, постојат неколку мали „проблеми“, поради кои првата бременост е секако полесна од следната.
Па, време е да ви откриеме зошто втората бременост е потешка од првата:
После првата бременост веќе имате доволно свое лично искуство, а низ годините сигурно сте се наслушале и мноштво туѓи. Meѓутоа, фактот што сега имате сознание за тоа што ве очекува на крајот – нема да ви го олесни животот.
Понекогаш, подобро е да живеете во незнаење, но, за жал, тоа не функционира така кога се работи за породувањето.
Доколку детето ви е се уште релативно малечко, па ни во текот на ноќта го немате потребниот мир, веројатно и самите сфаќате зошто втората бременост е потешка.
За време на првата, барем сте можеле да се одморите и наспиете тогаш кога вам ви одговара, а сега често и тоа ви е недопустливо.

Во текот на првата бременост, сигурно сте имале многу повеќе време за дружење и кафе средби со пријателките.
За време на првата бременост, жените најчесто чувствуваат замор поради хормоните. Додека го очекуваат второто дете, пак, постојаните обврски околу семејството, плус хормоните, ги прават неописливо поуморни и поспани.
Не е ни чудо што тогаш ви е се речиси двојно потешко.
Кога сте бремени со првото дете, внимавате да не кревате ништо тешко. А, при втората бременост, жената честопати нема избор, па покрај тешките кеси, понекогаш го носи и другото дете во рацете.
И тоа може да биде прилично заморно.

Ако првото дете покажува знаци на љубомора, или, пак, негодува секој пат кога ќе се спомне бебенцето во стомакот, јасно ви е зошто е потешко да ја покажете дури и радоста што воопшто сте бремени.
Полесна или потешка – секоја бременост е навистина посебно искуство во животот на една жена. Што мислите вие?
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...