|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кога и како можете да го дознаете полот на детето?

Редакција Рингераја, 11.7.2020
Откако тестот и докторот ќе ја потврдат бременоста, следното прашање ќе ви биде: „Кога е терминот за породување?“ Веднаш после тоа, ќе се прашувате дали носите момче или девојче. Полот на детето е многу важна информација за сите идни родители...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Пријателите и семејството исто така ќе ви постават прашања како што се, „Дали знаете што е?“ или „Кога ќе дознаете полот?“.

 

Ова воопшто не е чудно, бидејќи оваа информација ви дава можност да се поврзете со бебето уште пред да се роди. Вие и вашиот партнер ќе излезете со имиња, ќе му се обратите додека е сè уште во утробата, ќе купите работи за момче или девојче…

 

Идните родители секогаш се малку нетрпеливи, затоа прашањето кога најрано може да се открие полот на детето, е исто така честа појава.

 

Постојат неколку начини на кои можете да го откриете полот на вашето бебе.

 

Кога може да се утврди полот на детето со ултразвук?

Многу бремени жени го откриваат полот на бебето за време на ултразвучен преглед, што обично се прави помеѓу 16-та и 20-та недела. Меѓутоа, ако гинекологот не може јасно да ги види гениталиите, може и да не го дознаете полот во овој период.

Иако пенисот или вагината на бебето почнува да се формира уште во 6-та недела, момчето и девојчето изгледаат многу слични на ултразвукот до 14-та недела, и тешко е да се забележи разликата неколку недели после тоа. До 18-та недела, вашиот лекар веројатно ќе може да го идентификува полот, ако вашето бебе е во позиција што дозволува да се видат гениталиите. Меѓутоа, ако тоа не е изводливо, веројатно ќе го откриете полот на следниот ултразвук.

 

Кога може да се утврди полот на детето со неинванзивен пренатален тест?

Полот на бебето може да се открие и преку неинвазивно пренатално тестирање (НИПТ). Тоа е понов метод кој овозможува откривање на полот многу порано отколку што е можно со ултразвучен преглед.

Овие се генетски тестови од крвта кои го одредуваат потенцијалното присуство на Даунов синдром и други нарушувања на хромозомите со голема сигурност. Покрај тоа, овие тестови го одредуваат полот на детето врз основа на ДНК фрагменти кои потекнуваат од плацентата што лебдат слободно во крвта на мајката.

Овие тестови можат да се направат уште во 10-та недела од бременоста и се скоро 100% сигурни.

 

Кога може да се утврди полот на детето со инванзивни методи?

CVS и амниоцентезата се анализи кои првенствено се прават за да се утврдат потенцијалните генетски нарушувања. CVS обично се прави помеѓу 10 и 13 недела, а амниоцентеза помеѓу 16 и 20 недела.

 

Покрај нивната примарна цел, овие тестови можат да го откријат и полот на бебето. Жените кои не се изложени на зголемен ризик од генетски нарушувања или некои други проблеми, генерално не ги прават овие анализи, пред се затоа што тестовите се инвазивни и со себе носат ризик од абортус 1%.

 

Зошто сакаме да го знаеме полот на детето?

Знаете дека има луѓе кои не сакаат да го знаат полот на бебето до раѓањето, но тие се во малцинство. Претежно родителите се многу љубопитни и со нетрпение ја очекуваат веста дали очекуваат ќерка или син.

 

Во многу ретки случаи, полот на детето може да биде важен од медицински причини заради генетски заболувања кои се поврзани со машки или женски пол.

 

Не очајувајте ако не го откриете полот на бебето кога очекувате. Можеби малечкото малку ве задева со тоа што не сакате да се сврти на прегледот.

 

Трпеливо почекајте додека дојде тој момент и до тогаш купете само работи во неутрални тонови и испланирајте име за двата пола.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој е датумот на зачнување?
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце клетката и започнува развојот на новиот организам....
4
Како расте бебето во утробата на мајката?
Животот е навистина прекрасен! Што прават неродените бебиња во матката? Всушност, развојот на човечкиот живот во матката...
4
Кога ќе почне да ми се познава стомачето?
Ова е прашањето кое си го поставуваат сите трудници. Дали постојат правила, или се е индивидуално, ви откриваме во овој ...
4
Секое бебе индивидуално се развива во мајч...
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое бебе во матката е уникатен. Дури и кај две бебиња ...
4




Анкета

Дали практикувате секс за време на бременоста и кога?
Snow Angel

Гласајте

Да,секогаш (47%)

Само во првото тримесечие не (4%)

Не,никогаш (28%)

Само во третото тримесечие не (5%)

Да,ама само во второто тримесечие (4%)

Сеуште немам одговор од гинеколог (12%)


Број на сите гласови: 76

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!