|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е многу полесно да се има второ дете?

Редакција Рингераја, 17.1.2026
Кога го добиваш првото дете, сe е ново. Стравот, неизвесноста и илјада прашања се дел од секој ден. Кај второто дете, приказната е поинаква. Не затоа што е полесно во секој момент туку затоа што вие сте поинакви.

image
Фото:Canva/Искуството, опуштеноста и помалите очекувања ја прават втората родителска приказна поинаква.
/11


Еве зошто многу родители велат дека второто дете доаѓа со помалку стрес.

 

1. Веќе знаете дека ќе преживеете

Кај првото дете се редат безброј прашања: „Што ако погрешам?“, „Што ако не сум доволно добра?“ се дел од нив.

Кај второто знаеете дека сте поминале низ непроспиени ноќи, плач, замор и сте излегле уште посилни.

Со еден збор искуството носи смиреност.

 

2. Не паничите за секој плач

Првпат, секој плач звучи како аларм. Вторпат, препознавате дали станува збор за: глад, умор, потреба за близина. Па не реагирате со паника, туку со разбирање.

 

3. Помал е притисокот да бидете „совршен родител“

Со првото дете често се обидуваме да ги следиме сите правила преку: книги, совети или туѓи искуства.

Со второто си дозволувате да слушате себеси.

 

4. Опремата веќе постои

Количка, креветче, облека, искуство, сè е тука. Нема големи подготовки, листи и финансиски стрес како првиот пат.

 

5. Телото знае што да прави

Иако секоја бременост е различна, телото побрзо ги препознава сигналите, често полесно се адаптира, а понекогаш и породувањето оди поедноставно.

 

6. Партнерот е поискусен

Кај второто дете поделбата на обврски е појасна бидејќи и комуникацијата е подобра. Веќе знаете како да се поддржите еден со друг

 

7. Повеќе уживате, помалку брзате

Со првото дете постојано се грижиште дали правите доволно.
Со второто уживате во моментите бидејќи знаете дека фазите поминуваат, па не се плашите од секоја промена.

 

8. Постарото дете помага на свој начин

Иако понекогаш носи љубомора, постарото дете: внесува смеа, создава врска меѓу браќа и сестри и го прави домот пожив.

 

Второто дете не значи помал предизвик туку вашата несигурност и страв се помали.
Не затоа што сè е лесно, туку затоа што вие сте посилни, посигурни и поискусни. А тоа прави огромна разлика.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мамичке, ме боли увото!
Раното откривање на симптомите на ушните инфекции, кај малите деца е од исклучителна важност. Колку побрзо ќе отпочне те...
4
Слушај ја мајка ти, таа ти даде живот!
Роденденската честитка од татко до неговиот едногодишен син, го разнежни светот
3
10 барања до мојот маж, ако јас умрам прва
За жал, сфатив дека мојот сопруг нема идеја што правам по цел ден, ниту пак го почитува тоа. Недобитните тикети не исчез...
3
Како да го мотивирате детето да учи?
Преминот од забавно и релаксирано лето кон домашни задачи, обврски и рутини не е никогаш лесен, како за децата така и за...
3




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?