|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Житарици во исхраната на децата

Редакција Рингераја, 27.3.2015
Житариците се едни од најдобрите извори на лесна и брзо достапна енергија. Ако се потсетиме на пирамидата на здравата исхрана, житариците ја прават основата на урамнотежената исхрана

image
/11


 

Кога зборуваме за исхрана на доенчето и за нашата култура на исхрана, житариците, заедно со овошјето и зеленчукот, се почесто стануваат прв избор при воведување на нови продукти во исхраната на детето. Почетниот период на воведување на цврсти продукти во исхраната на доенчето се поклопува со фазата на забрзан раст и развој. Заради зголемените енергетски и нутритивни потреби како и неможноста  за внесување на голема количина храна, оброците мораат да бидат со адекватна нутритивна густина. На бебето кое активно се движи и развива тоа ќе му го осигурат житните кашички.

За да имаме јасна слика и точна информација, Светската здравствена организација (WHO) спровела мултицентрично испитување кое ги вклучило земјите од целиот свет, а во кое, низ упатствата за исхрана, утврдени се начините на дохрана и исхрана на децата од различнии етнички и културолошки групи. Резултатите од истражувањето покажале дека житариците се најчестата група на производи со кои се започнува дохраната.

Бидејќи во последните неколку години се повеќе се појавуваат деца кои имаат целијакија, при воведувањето  на житарици во исхраната на детето, често се поставува прашањето кога и која житарица да се одбере.

Новите испитувања дадоа насоки: првиот избор да биде резервран за житарките кои не ја содржат белковината глутен, а најчести се ориз, пченка и просо.

Со цел да се спречи можноста од појава на целијакија, претходните испитувања промовираа што подоцнежно воведување на продукти кои содржат глутен, првенствено пченични снегулки, пченичен гриз, овесни и снегулки од 'рж и јачмен. Меѓутоа, според најновите студии и метаанализи, се смета дека за тоа нема потреба. Имено, претераното одложување е исто како и прераното воведување на глутенски извори во дохраната. Ова може да има лоши последици врз здравјето на детето и да влјае на зголемен ризик од развојот на глутенска ентеропатија, односно целијакија.

Во САД е спроведено порспективно опсерваториско испитување во кое е заклучено дека воведувањето на глутенски производи во првите три месеци од животот и одложувањето на нивното воведување (по седмиот месец од животот) значително го зголемуваат  ризикот од појава на целијакија. Тој став го поддржала и Европската агенција за сигурност на храната (EFSA), која врз основа на прегледаните студии и метаанализи, наведува дека континуираното доење пред и по воведувањето на глутен во исхраната  е клучен фактор за спречување на развојот на целијакија и дијабетес тип I кај децата.  Всушност тоа е став и на комисијата ESPGHAN која дала директива за дохрана на доенчињата, каде се наведува  дека постепеното воведување на мала количина глутен не пред четвртиот, но ни после седмиот месец е најдобар начин  за намалување на ризикот од развој на целијакија, дијабетес тип 1 и алергија на пченица, јачмен, 'рж и овес.

Во последно време популарни стануваат и житариците со помалку познато име и потекло. Хељда, амарант и киноа спаѓаат во групата на псевдожитарици, а од нутриционистичка гледна точка се интересни заради својот аминокиселински состав и богатство со микронутритиенти.

 

Хељдата, со потекло од Азија, главно се консумира во северните земји на Европа. Семките кои наликуваат на триаголник се одличен извор на дури осум есенцијални аминокиселини, влакна, минералите манган и магнезиум, а мелени и зготвени во комбинација со пченкарен гриз прават прекрасна, хранлива и енергетски богата житна кашичка. Сепак треба да се биде внимателен бидејќи се забележани случаи на алергиски реакции на хељда.

 

Амарант, света билка на античките Грци, во исхраната на детето ќе биде лесно сварлив извор на белковини. Како растение има исклучително богатство на калциум и железо заради што се комбинира со житарици како ориз, зелен листест зеленчук како блитва и спанаќ.

 

Типично за сите житарици е што содржат растителни влакна кои го олеснуваат варењето на храната.  Кога зборуваме за киноа треба да се нагласи дека влакната се разложуваат во вода и заради тоа се користи за регулација на столицата.  Богата е со белковини, витамин Е и Б2.

 

Иако житариците се основа на правилната исхрана, без оглед на тоа дали се работи за житарици или за псевдожитарици, нивната хранливост не е доволна за правилен раст и развој на детето и затоа е нужно да се комбинираат со останатите продукти.

 

Автор: Тена Нисетео, дипломиран инжињер за прехранбени технологии/нутриционист/клинички диететичар/Клиника за детски болести, Загреб

Градинките не чинат, или родителите сме за...
Воспитувачките во градинка навистина ќе се изнаслушаат се – од тоа дека се само глорифицирани дадилки чија должност е да...
40
Превенција од искривување на главата кај б...
Се повеќе бебиња имаат проблем со искривување на главата, што е последица на лежење на една страна. Се проценува дека 13...
19
Зошто бебето `рчи?
Збунето гледате во ангелското лице на Вашето бебе, додека спие. Се прашувате од каде одеднаш тоа бучно дишење? Просто не...
8
Што треба да знаат татковците за новите ма...
Кога заминавме од болница со нашето малечко, како сите нови родители, баравме наоколу упатство за употреба. Секако, не н...
6


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Што мислите за Рингераја.мк
predrag

Дајте го вашето мислење за нашиот портал, прв портал во нашата земја кој обработува теми за родителство.

Одличен е (100%)

Добар е (0%)

Немам мислење (0%)

Не ми се допаѓа (0%)

Ужасен е (0%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!