|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Здраво движење на бебето

Др. Сузана Јанковиќ, 4.5.2010
Не се препорачува употреба на стојалките, посебно не на оние во кои бебето само со врвовите од прстињата го достигнува подот. Стојалките можат да го попречат нормалниот развој на колковите и да доведат до повреди.

image
/11


Развојот на движењата кај здраво дете се одвива така што тоа самостојно седи со 6 до 8 месеци, лази на 9 месеци, а околу 12тиот месец почнува да стои и проодува (најпрво со придржување). Со 15 месеци оди потполно самостојно, а со 18 трча. Детето почнува спонтано со движењата. Не треба на сила да го ставате во ниту една положба. Лазењето е посебно важно за координација на движењата и правилен развој. Не се препорачува користење на стојалица (дубак), посебно не во оние во кои бебето само со прстињата го допира подот. Стојалките можат да го попречат нормалниот развој на колковите и да доведат до повреди.

Освен во количка, детето (после третиот месец), може да се пренесува и во носилка. Тие денес се произведуваат и во различни облици. Најудобни се оние кои како широк шал се носат преку рамо, а можат да се носат и однапред и одзади. Притоа треба да внимавате детето да биде убаво наместено, ништо да не го повредува и да е добро прицврстено. Најдобар начин на носење е кога детето е однапред со грбот потпрено на оној кој го носи. Оваа положба го прицвртува мекиот р’бет на бебето, детето подобро го запознава светот околу себе и постојано е под надзор на носачот. При употреба на носилка секогаш имајте на ум неколку важни препораки: строго внимавајте на упатствата кои се наведени од производителот за положбата и сигурноста на детето.

-         никогаш не оставајте го детето во носилка на кревет или во кола, бидејќи може да се преврти и да падне;

-         носилката не е замена за седиште во автомобил;

-         не возете со носилката на себе;

-         не гответе со носилката и детето пред вас;

-         не трчајте;

-         избегнувајте ненадејни и нагли движења;

-         доколку се наведнете нанапред, придржете го детето;

-         носилката треба да одговара на големината на детето;

-         внимавајте на можно откопчување, наборите кои ги има, материјалот од кој е направена (најдобро е памучна),

-         не конзумирајте алкохол додека го носите детето.

-         најдобро е прво да се научите на кукла, а во почетокот детето придржувајте го со двете раце...

 

 

www.zdravlje.hr

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Список на адитиви опасни по здравјето
Опасни адитиви кои се користат за конзервирање, за подобар изглед и вкус на прехрамбените производи
4
Прескокнување на срцето - Екстрасистоли
На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни ...
4
Од што се прави адаптираното млеко?
Најадекватна храна за бебето, пред да наполни една година, е мајчиното или адаптираното млеко. Мајчиното млеко е апсолут...
3
Здравје од првиот ден
Првите денови и недели од животот на бебето се период на адаптација и развој. Но во овој чувствителен период, новороденч...
3




Анкета

.
Jana9

Dali vi smetaat turskite serii?

Da (71%)

Ne (29%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!