Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Што е бруксизам?
Бруксизмот претставува несвесна и присилна навика на меѓусебно шкрипење и триење на вилиците. Тоа значи дека лицето кои има бруксизам обично не е свесно за оваа навика и не може да запре. Тоа обично се случува во текот на ноќта, додека спие или во текот на денот најчесто при стрес или спортување. Бруксизмот е поврзан со стресот и штетно влијае врз забите, џвакалните мускули, зглобовите и вилицата и притоа влијае на изгледот на лицето.
Кои се знаците и симптомите за бруксизмот?
Симптомите на бруксизмот се следниве:
- забите се ронат и стануваат се покуси. Тоа се случува заради ронење на забите и забната површина од триењето на вилиците (шкрипење).
- предните заби стануваат тенки, така што кремаво/жолтиот дентин станува видлив
- доколку оваа болест не почне да се третира ,забите може да се изронат се до пулпата
- може да се почувствува болка во мускулите и зглобовите на вилицата секое утро
- јадењето може да биде болно,поради оштетувањето и оптоварувањето на зглобот
- забите стануваат чувствителни и болни на студено или кисело (заради веќе соголениот дентин (внатрешниот слој на забите).
- бруксизмот во понапредна фаза може да предизвика промени во физиономијата на лицето (фацијални промени) поради подлабоко затворање на вилицата
- бруксизмот исто така, може да предизвика развој на истакнати мускули на лицето
- звукот од крцкањето (шкрипењето) на забите најчесто го забалежуваат луѓето со кои пациентот спие во иста соба.
(Види слика 1)
|
Кои се причините за појава на бруксизам?
Главните причини за појава на бруксизам се стресот, психолошки проблеми и медицински услови (одредена болест). Може да се појави кај луѓе со церебрална парализа или тешкотии при учењето. Постојат и локални причини за појава на бруксизам. Тоа се најчесто нови порцелански изработки кои немаат адекватно балансиран загриз, големи пломби и сл. кои предизвикуваат несвесен „тик“ на триење на забите.
Како се третира бруксизмот?
Бруксизмот се третира психолошки, стоматолошки и со помош на лекарства за лечење на оваа болест. Со психолошките и медицинските причини се занимаваат психолози, психијатри и доктори. Стоматолошкиот третман за лекување на бруксизмот е насочен кон спречување на поматамошното оштетување на забите, како и поправка на веќе оштетените заби.
Превентивниот третман се состои до носење на таканаречен оклузален сплинт или ноќен чувар.
- тој ги намалува штетите од бруксизмот
- ноќниот чувар не може да го излекува бруксизмот, но може да ги заштити забите од понатамошно оштетување
- ноќниот чувар ги заштитува горните и долните заби од гризење (шкрипење) едни со други
- акрилен ноќен чувар може да ги ублажи симптомите на зглобовите на вилиците предизвикани од бруксизмот
- се земаат мерки од горната и долната вилица и се праќаат во стоматолошка лабораторија, каде ќе биде изработен ноќниот чувар
-може да бидат изработени од мека пластика или акрилен материјал
(Види слика 2)
Понекогаш стоматологот може да препорача и примена на лекови за мускулна релаксација или пак да сугерира некој друг начин за контрола на стресот.
Доколку причината е локална – потребно е да се сменат или корегираат оние реставрации кои доведуваат до оваа штетна навика.
Како стоматологот го третира ронењето на забите предизвикано од бруксизмот?
Кога бруксизмот доведува до тешко оштетување на забите, потребно е да бидат реставрирани, најчесто со коронки или инлеи. Со овие реставративни техники се подобрува и функцијата и целокупниот изглед кај пациентот.
(Види слика 3)
5
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...
Најголемите предности на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е природна и целосна храна која е совршено прилагодена...
Нормална телесна температура кај новороденчиња и бебиња
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку д...