Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
ПРАВИЛНО ДОЗИРАЈТЕ ГО СИРУПОТ
Соодветната доза е пресудна кога станува збор за давање сирупче. Затоа секогаш треба да ја користите пластичната лажица која се наоѓа во пакувањето. Медицинскиот шприц за еднократна употреба кој може да купи во аптеките е уште еден пример за дозирање на сирупот. Потрудете се содржината од шприцот да не ја ставате директно во грлото, туку почекајте го детето само да ја голтне, за да бидете сигурни дека притоа нема да се засркне.
УБАВО ПОДГОТВЕТЕ СЕ
Доколку малечкото се плаши или се противи на пиењето на лекот, подгответе ја дозата скришно. Доколку имате бебе, земете го в раце, завиткајте го во ќебенце и држете го во полукрената позиција. Кога лекот ќе биде во неговата устa, подигнете му ја брадата за да му го олесните голтањето.
И ВИТАМИНИТЕ СЕ БРОЈАТ
Пред да му дадете на детето каков било лек, дури и оној за кој верувате дека е безопасен, секогаш консултирајте се со лекар. Може да се случи да ја преминете дозволената доза на витамини и минерали. Железото е еден од тие минерали кој во големи количини може да биде токсичен за децата. Никогаш не му давајте на детето лек за возразни, дури ни во мали дози, како и лек кој му бил препишан на друго дете.
ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА НЕСАКАНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ЛЕКОТ
Одредени медикаменти можат да предизвикаат алергиски реакции и нуспојави. Доколку вашето дете добие осип или некоја слична реакција од одредено лекарство, обратете му се на вашиот лекар за помош.
ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКА
Кај деца помлади од 12 години не се препорачува употребата на Аспирин, бидејќи неговото дејство се врзува со ретки заболувања на мозокот и црниот дроб. Понекогаш Аспиринот се означува и како салицилна киселина. Секогаш проверувајте го составот на лекот. Ибупрофенот не се препорачува кај деца помлади од шест месеци или кај деца кои имаат проблеми со астма. Затоа, парацетамолот за деца може да се применува кај бебиња постари од три месеци. Доколку вашето бебе има висока температура по првата вакцина, педијатарот може да ви препорача користење на парацетамол, но никако немојте да го користите без негова согласност.
РОКОТ НА УПОТРЕБА
Лековите со истечен рок на употреба се неефикасни и опасни за здравјето. Затоа, редовно проверувајте го рокот на употреба на лековите во вашата домашна аптека и ослободете се од сите медикаменти со истечен рок.
ЛЕКОВИТЕ НЕКА БИДАТ ПОДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦАТА
Сите лекови, вклучувајки ги тука и витамините и додатоците за исхрана, ставете ги во специјални кутии кои ќе бидат подалеку од дофатот на децата. Секогаш бидете сигурни дека кутиите се добро затворени а по употребата, вратени на своето место.
ВНИМАТЕЛНО СО АНТИБИОТИЦИТЕ
Понекогаш на вашето дете му се неопходни антибиотици за лечење на некои бактериски инфекции или вирусни заболувања. За оптимално дејство на лековите, потребно е да ги давате во точно определено време и во точно определени дози, а некои и на празен стомак. Доколку забележите дека вашето дете се чувствува подобро по само неколку дена, треба да знаете дека терапијата сепак мора да се прима до крај. Ако ја прекинете, ризикувате дел од бактериите да преживеат и инфекцијата да се врати.
СОВЕТУВАЈТЕ СЕ СО АПТЕКАРОТ
Консултирањето со аптекарот е еден од начините да ги проверите информациите кои ве интересираат во врска со одреден лек. Доколку вашето дете треба да зема два лека истовремено, можно е еден од нив да не делува или пак да предизвика несакани дејства. Затоа, битно е секогаш да се консултирате со вашиот лекар и аптекар.
ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ
Кога лекарот му препишал одреден лек на вашето дете, не напуштајте ја неговата ординација сè додека прецизно не ги дознаете деталите во врска со тоа колку често треба лекот да се пие, колку долго и кои се можните контраиндикации. Доколку имате какви било дилеми, секогаш советувајте се со стручно лице.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Нега на кожата кај новороденчиња
Кожата на новороденчињата е неверојатно нежна, чувствителна и подложна...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: